Еврејските доселеници продолжуваат со нападите врз палестинските населени места на окупираниот Западен Брег

April 13, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Еврејските доселеници денес ги продолжија нападите врз палестинските села и гратчиња на Западниот Брег, во кои повредени се повеќе Палестинци, пренесува Анадолу.

„Терористичките банди на колонијалистите под заштита на (израелската) окупаторска армија го затвораат мостот на селото Деир Дибван, источно од Рамала“, се вели во кусото соопштение на Палестинската комисија против колонизацијата и Sидот.

Се додава дека доселениците упаднале и во селото Дума источно од Наблус во северниот дел на Западниот Брег.

Во одделен инцидент, најмалку шест Палестинци се повредени во нападите на еврејските доселеници во текот на ноќта врз селото Абу Фалах, североисточно од Рамала во окупираниот Западен Брег.

Државната палестинска новинска агенција Вафа денес објави дека „доселениците го нападнаа селото од исток, возејќи возила со палестински регистарски таблички по повлекувањето на израелските окупациски сили од областа“.

„Тие нападнаа неколку млади, повредувајќи петмина од нив, еден во главата“, се наведува во соопштението.

Исто така, се истакнува дека „доселениците испукале куршуми кон граѓаните и нивните домови“.

„Синоќа, еден палестински граѓанин е повреден во напад на доселениците врз селото, во кој се запалени најмалку 12 возила, 4 земјоделски оранжерии и 5 мотоцикли“, се додава.

Десетици доселеници го затворија и западниот влез на Силвад и со камења нападнаа возила на палестински граѓани, при што нема повредени, јави Вафа.

„Истовремено, доселениците го затворија влезот на гратчето Турмус-Аја и ги нападнаа возилата што минуваа“, се додава.

Покрај тоа, еврејските доселеници вршеа напади и во делови на градовите Калкилија, Џенин и Хеброн, според Вафа.

Нападите се случија еден ден откако еврејските доселеници вчера наутро упаднаа во селото Ал-Мугајир, источно од градот Рамала во централниот дел на Западниот Брег.

Во упадот убиен е еден млад човек, повредени се десетици Палестинци и запалени повеќе од 40 домови.

Тензиите низ окупираниот Западен Брег се големи поради тековните израелски напади врз Појасот Газа, во кои од 7 октомври досега загинаа повеќе од 33.600 луѓе.

Од израелски оган на Западниот Брег досега се убиени најмалку 463 Палестинци, покажуваат податоците на Министерството за здравство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: По несреќата на жичарницата во Анталија од кабините спасени 98 лица

Следно

Полицајка го уби напаѓачот од Сиднеј: „Таа тргна по него, тој се сврте и го крена ножот“

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop