Еврејските доселеници формираа нова населба на Западниот Брег

February 1, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Еврејските доселеници почнуваат да формираат нова нелегална населба во близина на градот Ал-Бирех на Западниот Брег, соопшти локален палестински претставник, јавува Анадолу.

„Доселениците се обидуваат да земат под контрола големи делови од земјиштето во градот Бурка“ во близина на Ал-Бирех, изјави за Анадолу градоначалникот на Општината Саел Канаан.

Тој рече дека новата населба се подигнува на приватно палестинско земјиште.

„Доселениците, поддржани од израелската војска, веќе имаат под своја контрола околу 1.000 квадратни метри земјиште во градот“, додаде тој.

Според Канаан, веќе во градот има пет израелски објекти.

Проценките покажуваат дека околу 700.000 еврејски доселеници живеат во околу 300 нелегални населби на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Источен Кудс).

Сите еврејски населби на окупираните територии се сметаат за нелегални според меѓународното право.

Тензиите низ Западниот Брег се големи откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа, по нападот на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш на Западниот Брег убиени се најмалку 380 Палестинци, а 4.200 се ранети од израелските сили, според палестинското Министерство за здравство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медиумските санкции немаат ефект, РТ и Спутник достапни во ЕУ

Следно

Борел: Ако не ја поддржи Украина, ЕУ ќе плати многу висока цена

Latest from Blog

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон

Брендан Роџерс има нов клуб

Некогашниот менаџер на тимот на Ливерпул, Брендан Роџерс е нов кормилар на тимот на Ал Кадисија од Саудиска Арабија, објави „Атлетик“. Искусниот стратег кој во моментов има 52. години веќе е на

Димитриеска Кочоска за партнерството со САД: Работиме на посилна буџетска отчетност, зајакнување на институциите и развој

Денеска го одбележавме значајното партнерство меѓу Министерството за финансии и САД, кое со години придонесува за градење модерен, транспарентен и одговорен систем на јавни финансии, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Проданоски: Празнична атмосфера и европски дух на плоштадот во Прилеп

На плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп денеска се одржа германски Божиќен базар, кој во празнична атмосфера обедини ученици, наставници, граѓани и гости од повеќе општини низ државата. Настанот беше исполнет
Go toTop