Еврејски активисти се врзале со синџири за оградата на Белата куќа и побарале прекин на огнот во Газа

December 12, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Група еврејски активисти се врза со синџири за оградата на Белата куќа вчера во знак на протест против политиката на американскиот претседател Џо Бајден кон војната во опколениот Појас Газа, пренесува Анадолу.

Групата демонстранти наглас ги прочита имињата на убиените во израелските напади на Појасот Газа.

„Денес сме тука бидејќи како Евреи добро знаеме како изгледа геноцид и знаеме какво е тоа чувство. Тоа и понатаму е во нашите сеќавања“, рече Естер Фармер, портпаролка на групата Еврејски активисти за слобода на Палестина и додаде:

„Тука сме за да му кажеме на Бајден дека мора да престане да го финансира и да праќа оружје за извршување геноцид.“

Полицијата го прекина протестот користејќи клешти за сечење за да го скине синџирот со кој демонстрантите се врзаа за оградата на Белата куќа.

Демонстрантите се оддалечија со кренати тупаници.

Протестот е одржан само неколку часа пред Џо Бајден и првата дама Џил Бајден во Белата куќа да ја организираат годишната забава по повод Ханука, еден од најголемите еврејски празници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јавете се, претседателе, за да Ви каже Ердоган дека во нормални држави судството е независно

Следно

Џафери: Не е противуставно да бидам премиер

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop