Еве кое е значењето на БАДНИКОВОТО ГРАНЧЕ

January 6, 2025
1 min read

Православните христијани на Бадник, вечерта наспроти Божиќ, во домот внесуваат бадниково гранче односно го украсуваат домот со бадникови гранки кои всушност се дабови гранчиња.

Традицијата на украсување на домот со бадниковото гранче се забележува уште од 4 век. Неизбежниот симбол на Бадник е бадниковото гранче кое го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.

Бадниковото гранче е токму гранче од дабово дрво бидејќи уште од дамнина овие дрва се сметаат за најиздржливи и највековити. Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Бадниковото гранче уште се нарекува дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго држи жар, така оној што ќе си постави во домот верува дека го чека вечен живот дури и по смртта. Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните верувања велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите оние луѓе кои што живеат во тој дом.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снежните врнежи предизвикаа сообраќаен хаос во Велика Британија и Германија

Следно

Скопје денеска на осмо место по загаденост во светот

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop