Еве го комплетниот Формула 1 календар за 2025 година

March 12, 2025
1 min read

Формула 1 шампионатот во 2025 година започнува со Големата награда на Австралија која ќе се одржи на 16. март, а ќе заврши во Абу Даби на 7. декември.

Календарот оваа сезона бележи 24 трки со мали промени во однос на минатото со тоа што Големите награди Бахраин и Саудиска Арабија ќе се одржат во текот на месец април поради големиот празник Рамазан во текот на март.

Месец март ќе ја одбележи и Големата награда на Кина која е се одржи од 21 до 23 овој месец, додека во април не очекуваат три нови трки во Јапонија (4. до 6. април), Бахраин (11. до 13. април) и Саудиска Арабија (18. до 20. април).

Мај започнува со Големата награда на Мајами од 2. до 4. по што следат: Големата награда на легендарната патека Имола (16. до 18 мај), Монако (23. до 25. мај) и Шпанија (30. мај до 1. јуни).

Големата награда на Канада ќе се вози од 13. до 15. јуни, Големата награда на Австрија од 27. до 29. јуни, Големата награда на Велика Британија од 4. до 6. јули, Големата награда на Белгија од 25. до 27. јули, Големата награда на Унгарија од 1. до 3. август, Големата награда на Холандија од 29. до 31. август.

Големата награда на Италија од 5. до 7. септември, Големата награда на Азербејџан од 19. до 21. септември, Големата награда на Сингапур од 3. до 5. октомври, Големата награда на САД од 17. до 19. октомври, Големата награда на Мексико од 24. до 26 октомври, Големата награда на Бразил од 7. до 9. ноември, Големата награда на Лас Вегас од 20. до 22. ноември, Големата награда на Катар од 28. до 30. ноември и Големата награда на Абу Даби од 5. до 7. декември.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жалгирис го продолжи договорот со својот најдобар кошаркар

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно влажни коловози

Latest from Blog

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети

Владата меѓу договор и генерален штрајк

Идната недела ССМ на блокади, УПОЗ во обид да го скрои договорот за повисоки плати во нивните редови. Во Министерството за финансии попладнево синдикатот и надлежните ќе работата на документот со кои
Go toTop