„Евакуирани седум училишта во северниот дел на Газа“, објави УНРВА

October 9, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) објави дека седум училишта во кои се засолниле раселените Палестинци се евакуирани во северниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.

Израелската армија претходно упати повик за евакуација.

Во соопштението УНРВА нагласи дека интензивирањето на нападите на израелската армија врз северниот дел на Појасот Газа довело до затворање на службите за спасување животи.

„Седум училишта на УНРВА во кои се сместени раселените лица се евакуирани во северниот дел на Газа. Само два од осум бунари за вода се активни во бегалскиот камп Џабалија“, објавија УНРВА.

Израелската армија, која започна нов копнен напад врз некои места во северниот дел на Појасот Газа, се обидува насилно да ги отстрани Палестинците од тие подрачја.

Израелските напади се концентрирани на регионите Беит Ханун и Беит Лахије во северниот дел на Газа, особено врз бегалскиот камп Џабалија.

Додека во исчекување се нападите на Израел врз Либан и неговиот можен одговор на Иран, важно е да се напомене дека израелската армија започна нов бран на насилство и миграција во северниот дел на Газа.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година досега убиени се 42.010 Палестинци, а 97.720 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Отежнат товарниот сообраќај на граничниот премин Табановце

Следно

Милевски: Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата

Latest from Blog

Четири знака кои откриваат дека партнерот повеќе не е заинтересиран за врската или бракот

Секоја врска поминува низ фази, но ако  почувствувате дека нешто се променило и дека топлината и блискоста повеќе не се присутни, можно е интересот од другата страна да се намалил. Препознавањето на

Таму и кралот оди пешки- принцот Вилијам снимен во јавен тоалет на Копакабана (ВИДЕО)

43-годишниот принц од Велс имаше голем број активности за време на неговата посета на Бразил оваа недела, вклучувајќи прошетка околу островот Пакета и посета на статуата на Христос Спасителот. Но, помеѓу посетата
Go toTop