„Еурактив“: Дали Белгија станува првата „нарко-држава“ во Европа?

November 13, 2025
3 mins read

Белгија во минатото не беше центар на дрогата во Европа, но нејзината географска положба и пристаништата во Антверпен и Зебриж, низ кои минуваат милиони тони товар, ја направија земјата „златна кокошка“ за шверц на кокаин, хероин и синтетички дроги, оценува бриселскиот портал „Еурактив“. 

– Пристапот до длабоки води, постојаниот транзит на контејнери и слободите што ги нуди Шенген зоната, ја прават земјата сон за трговците со дрога и кошмар за органите за спроведување на законот, се наведува во анализата насловена „Дали Белгија станува првата „нарко-држава“ во Европа?“. 

Во текстот се посочува дека само во Антверпен, количеството на заплената на дрога се зголеми од 91 тон во 2021 година, на речиси 110 тони во 2022 година, со што овој белгиски град го надмина холандскиот Ротердам и се зацврсти како центар на трговијата со наркотици во Европа. 

– Колку е реална заканата од предупредувањето на судија од Антверпен, кој помина четири месеци во безбедна куќа, дека земјата е во опасност да стане „нарко-држава“? Судијата, исто така, предупреди дека организираниот криминал се инфилтрира во пристаништата, полицијата, па дури и во судството, а мафијашките мрежи дејствуваат како паралелна структура. Пристаништата во Белгија остануваат клучна точка за влез на дрогата во Европа, а нејзините улици ја плаќаат цената од тоа, се додава во текстот. 

Во анализата се посочува дека нарко трговијата почнува далеку од Европа, но постојат разработени шеми за транспорт на дрогата до европското тло. 

Така, пратките со кокаин, кој е најчесто шверцуваната дрога преку пристаништата на ЕУ, поаѓаат од Колумбија, Перу или Еквадор скриени во легален товар меѓу гајби со овошје, делови за машини или челични цевки. Некои одат директно преку Атлантикот, додека други минуваат низ точки за претовар во Западна Африка, како Сенегал, Брегот на Слоновата Коска или Зеленортската Република, или преку карипските пристаништа, со цел да ја затскријат трагата. 

– Кога контејнерите ќе стигнат до Европа, документацијата за товар изгледа чиста. Некои од нив минуваат низ Канарските или Азорските Острови, што го отежнува следењето на транзитот. Потоа контејнерите се истоваруваат во Антверпен, Зебриж или Ротердам, каде „тимови за екстракција“, честопати составени од тинејџери, ги обиваат, ја вадат дрогата, повторно ги затвораат и се искрадуваат пред да пристигнат инспекторите, се наведува во текстот. 

Податоците на белгиската Царина укажуваат дека нарко трговците во последно време се преориентирале на помали, но почести, пратки со кокаин, за да ги избегнат скенерите. Просечната тежина на секоја од 82-те запленети пратки кокаин од почетокот на годинава во Антверпен изнесувала 204 килограми, за разлика од ланскиот просек од 359 килограми. 

Дополнително, Европол регистрирал и случаи каде бандите користат бродови за снабдување и замена на контејнерите за време на транзитот, со цел да ги прикријат точките на потекло и да ги искористат послабите проверки. 

– Истите модели важат и за другите дроги. Хероинот се движи по балканската рута од Авганистан преку Турција и Балканот, канабисот се уште доаѓа од Мароко во Шпанија, а синтетичките дроги и прекурсори, како метамфетаминот, пристигнуваат од Азија со воздушен товар или дури и преку поштенски пратки, наведува „Еурактив“. 

Во текстот се оценува дека инфраструктурната поврзаност со патишта и железница на Антверпен со секој голем западноевропски град, значи дека голем дел од кокаинот што пристигнува таму се транспортира со камиони на друго место се распределува, препакува и препродава овозможувајќи повеќекратен профит.  

– Во 2024 година, само во регионот на Антверпен се регистрирани 128 апсења поврзани со дрога, при што се уапсени и 16 малолетници, се наведува во анализата при што се нагласува дека европскиот пазар на кокаин се проценува на 11,6 милијарди евра, додека од канабисот се остваруваат уште 12,1 милијарди евра.  

[Уште една „локадаун“ забава што се одржала во саботата во Антверпен, овој пат организирана од страна на малолетни лица, резултираше со домашен притвор за седумтемина, јави дописничката на МИА]

„Еурактив“ оценува дека последиците од ваквата состојба во Антверпен, се чувствуваат и во Брисел преку зачестените престрелки и војни за контрола на територии меѓу нарко бандите, пред се во населбите Моленбек и Андерлехт, познати по бројната мигрантска популација. 

Само од почетокот на годинава, па до јули, во Брисел се регистрирани 57 престрелки меѓу ривалските нарко банди, правејќи го градот „прва линија на последиците од дрогата“. Стапката на убиства во Брисел е 3,19 на 100.000 жители, што е една од највисоките меѓу главните урбани области во ЕУ. 

Во текстот се додава и дека заплените на дрога во текот на изминатата деценија бележат раст низ цел ЕУ, особено на амфетамин, метамфетамин и екстази. 

– Белгиската царина проценува дека пресретнува само 10 до 40 отсто од кокаинот што пристигнува во нејзините пристаништа, додека остатокот ја преплавува Европа. Килограм кокаин купен за неколку илјади евра во Латинска Америка, може да достигне цена од близу 30.000 евра на пазарите на ЕУ, предупредува Агенцијата за дрога на Европската унија (ЕУДА). Но, парите не исчезнуваат само така, туку се провлекуваат низ трговски фирми, компании за недвижности и логистика во Белгија, кои служат како центри за перење пари, се наведува во анализата.  

Порталот оценува дека и покрај запленетите 16,7 тони кокаин во Антверпен во првата половина од 2025 година, шверцот на оваа дрога продолжува преку скриени пратки, корумпирани пристанишни работници и фиктивни фирми. 

– Белгија останува европска порта (за нарко шверц): заплените ги полнат насловните страници, но вистинската трговија никогаш не запира, заклучува „Еурактив“, пренесувајќи го предупредувањето на белгискиот обвинител Жилиен Моанил дека „десет или дваесет години лежерност, не можат да се поправат преку ноќ“. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Докторот од Македонија кој прегази куќе во Софија се пријавил во полиција, ослободен е со кауција од 5.000 лева

Следно

ПОЛИЦИЈАТА УБИ ИНФЛУЕНСЕР: „Почина во ужасен инцидент“

Latest from Blog

Турција бара гаранции дека прекинот на огнот во Газа ќе биде траен

Турција очекува планираните Меѓународни сили за стабилизација во Газа да обезбедат гаранции дека кревкото примирје ќе трае, соопшти Министерството за одбрана на земјата во четврток. Како членка на НАТО, Турција е меѓу

Министерката за финансии: Владата гради стабилна и сигурна деловна клима

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска истакна дека Владата и Министерството за финансии се посветени на создавање стабилна, предвидлива и транспарентна економска средина што ќе поттикне доверба во институциите и економски раст.

Милевски ги откри стартните 11 за дуелот со Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ќе го одигра пријателскиот натпревар против Летонија, како дел од подготовките пред последниот квалификациски меч со Велс во Кардиф. Селекторот Благоја Милевски се одлучи

НОВ, „ПОБЕДНИЧКИ“ ТИМ: Лузерот Филипче ќе го номинира губитникот Трајановски за потпретседател на СДСМ

Најголемиот губитник на изборите и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека вечерва ќе се одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разгледуваат повеќе кадровски и политички промени во партијата.
Go toTop