ЕУ вети дека ќе одговори „цврсто и брзо“ доколку Трамп воведе царини

February 20, 2025
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Европската Унија (ЕУ) нема да има „никаков избор освен да одговори цврсто и брзо“ доколку Соединетите Американски Држави (САД) воведат царини за стоките од блокот, изјави европскиот комесар за трговија и економска безбедност, Марош Шефчович, јавува Анадолу.

„Ако САД воведат царини за производите на ЕУ, тоа би создало непотребни бариери за европскиот извоз, нанесувајќи им штета на бизнисите и работниците од двете страни. Затоа, со цел да ги заштитиме европските интереси, нема да имаме друг избор освен цврсто и брзо да одговориме“, рече Шефчович во својот говор во Институтот Американ ентерпрајз во Вашингтон.

Шефчович ги истакна економските односи меѓу ЕУ и САД, опишувајќи ги односите како „дефиниција за вин-вин партнерство и нешто во кое нема ништо нефер“.

Тој наведе многубројни примери на заемно корисна трговија, од „Боинг“ и „Ербас“ до потпирањето на американската индустрија за полуспроводници врз технологијата направена од ЕУ.

„ЕУ е најважен трговски партнер на САД“, рече тој.

„Во текот на изминатата деценија билатералната трговска размена меѓу ЕУ и САД во стоки и услуги се удвои, надминувајќи 1,7 билиони долари во 2023 година“, истакна Шефчович.

„Заедно, ние претставуваме речиси 30 отсто од глобалната трговија со дневни размени во вредност од над 4,5 милијарди долари“, додаде тој.


Повикувајќи на конструктивен дијалог за да се избегне „непотребната болка од мерки и контрамерки“, еврокомесарот ја потврди посветеноста на ЕУ за слободна и фер трговија.

„Трговијата не е војна. Тоа е економски сојуз од корист на двете земји“, нагласи тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анализа: Дали на Апасиев би му дале пристап до копче за нуклеарно оружје?

Следно

Мбапе: Сакам да испишувам историја со Реал

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се
Go toTop