ЕУ се противи на присуството на Нетанјаху на настанот за Аушвиц во Полска

January 10, 2025
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (АА) објави дека е против учеството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на настаните по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц во Полска поради налогот за приведување издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС), известува Анадолу.

Ануар ел Ануни, еден од портпаролите на Комисијата за надворешни работи на ЕУ, на дневниот брифинг даде изјава во врска со можноста Нетанјаху да присуствува на настаните по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц во Полска.

„ЕУ го поддржува МКС и принципите утврдени во Римскиот статут. ЕУ ја почитува независноста и непристрасноста на судот. ЕУ е силно посветена на меѓународната кривична правда и борбата против неказнивоста. Европскиот совет ги повикува сите држави целосно да соработуваат со судот, вклучително и со брзо извршување на сите нерешени налози за приведување“, изјави Ел Ануни.

Потсетувајќи дека сите земји на ЕУ се потписнички на Римскиот статут, Ел Ануни истакна дека не се знае кој израелски функционер ќе присуствува на настанот.

– Пристапот на Полска

Полскиот претседател Анджеј Дуда побара од Владата да се погрижи Нетанјаху да присуствува на настаните по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц без да се соочи со приведување за воени злосторства во Газа.

Полскиот заменик-министер за надворешни работи Владислав Бартошевски пред повикот на претседателот Дуда изјави дека доколку Нетанјаху дојде во Полска, тој ќе биде приведен во согласност со обврските на земјата кон МКС.

МКС издаде налози за приведување на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант на 21 ноември 2024 година, за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Појасот Газа.

Лицата што беа држени во концентрациониот логор Аушвиц беа ослободени од војниците на Црвената армија на 27 јануари 1945 година. Аушвиц е симбол на холокаустот, за време на кој околу 6 милиони луѓе беа убиени во концентрационите логори.

Се претпоставува дека само во логорот Аушвиц биле убиени приближно 1,1 милион луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Изгласана интерпелацијата за Илире Даути

Следно

„Со прекуграничните операции ја елиминиравме зоната на терор што се обидоа да ја формираат во северна Сирија“

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop