ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура

March 20, 2026
1 min read

Таа нагласи дека инфлацијата на краток рок ќе расте преку повисоки цени на енергенсите, додека пак за среднорочните економски влијанија преусдни ќе бидат интензитетот и времетраењето на војната, како и притисокот од повисоките енергенси врз потрошувачките цени.

-Во основната линија, се очекува вкупната инфлација да изнесува во просек 2,6% во 2026 година, 2% во 2027 година и 2,1% во 2028 година. Доколку продолжат, повисоките цени на енергијата може да доведат до пошироко зголемување на инфлацијата. Решени сме да обезбедиме инфлацијата да се стабилизира на нашата цел од 2% на среден рок.- Кристин Лагард, претседателка на Европска Централна банка

На вчерашниот состанок на Европскиот совет, ЕУ лидерите повикаа да се отвори Ормутскиот теснец а членките Франција, Германија, Италија и Холандија изјавија дека се подготвени да придонесат кон безбеден премин на танкерите иако не соопштија како ќе го сторат тоа. Сепак, во Брисел преовладува наративот дека војната на Блискиот Исток не е Европска војна.

-Нема основа на меѓународното право ако размислувате за употреба на сила. Постојат два случаи – едниот е самоодбрана, а другиот е според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Бидејќи такво нешто не постои, во овој момент земјите-членки немаат апетит да влезат во оваа војна.- Каја Калас, Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ

Иако Израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху се пофали дека операцијата против Иран се води координирано меѓу Америка и Израел, сепак, неговиот американски колега, Доналд Трамп призна дека не бил известен за планот на Нетанјаху да го бомбардира Иранското гасно поле.

-Му кажав, „Немој да го правиш тоа.“ И тој нема да го прави тоа. Се е координирано, но понекогаш, тој ќе направи нешто и ако не ми се допаѓа, и затоа повеќе не го правиме тоа.- Доналд Трамп, претседател на САД

-Сакам да ги завршам овие воведни забелешки со уште една лажна вест. А тоа е дека Израел некако ги вовлече САД во конфликт со Иран. Дали некој навистина мисли дека некој може да му каже на претседателот Трамп што да прави?  Заедно во тесна координација со претседателот Трамп, тесна координација меѓу Америка и Израел, нашите војски, нашите разузнавачки служби, ги постигнуваме целите со брзина на молња.- Бенјамин Нетанјаху, претседател на Израел

Пазарот на гас остро реагираше по израелското бомбардирање на најголемото гасно поле во Иран – Јужен Парс, како и возвратното иранско бомбардирање на  гасната централа во Катар Лас Рафан, по што европските фјучерси скокнаа за 35%, односно двојно повеќе од нивото пред војната, што креираше конкурентска борба за надоместок на изгубените количини.

Цените на суровата нафта пак, кон крајот на неделава, иако се намалија од 110 на 106 долари за барел кон крајот на неделава, се уште можат да ја завршат со раст, поради прекинот на извозот од Блискиот Исток.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара

Следно

LSDM për ndalimin e Anakievit: Është e qartë pse nuk ka para për bujqit

Latest from Blog

МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, велат во соопштение од ресорното министерство.

По деценија пауза – Жолтата боја се враќа: ФФМ го претстави новиот дрес на фудбалската репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи го најави новиот дрес на македонската репрезентација, со кој националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светското првенство. Во објавата на Фудбалска федерација

Репрезентацијата доби нов изглед – ФФМ ја врати жолтата боја

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, со кои националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светско првенство. По повеќе од една деценија, во
Go toTop