ЕУ отвори антимонополска истрага против „Гугл“ поради користење содржини за својата вештачка интелигенција

December 9, 2025
1 min read

 Истрагата се однесува на користењето онлајн содржини за генерирање резултати од пребарување преку вештачка интелигенција (ВИ), како и за употреба на видеата поставени на платформата „Јутјуб“ за тренирање на ВИ модели, јави ДПА.

Истрагата треба да утврди дали Гугл земал туѓи текстови, вести и содржини од интернет (кои не се негови) за да ги користи во своите нови одговори со вештачка интелигенција и дали Гугл ги користел видеата од Јутјуб (кои ги поставиле обични луѓе и креатори) за да ги тренира своите вештачки интелигенции, без да праша или да плати за тоа.

Истрагата ќе процени дали „Гугл“ ги прекршува правилата на ЕУ за фер конкуренција со тоа што не им дава соодветна компензација на креаторите или не им нуди можност да го одбијат користењето на нивната содржина за резимеа генерирани од ВИ, без притоа да го изгубат пристапот до пребарувачот „Гугл Срч“ (Google Search), соопшти Комисијата.

„Навистина, многу креатори на содржини зависат од ‘Гугл Срч’ за сообраќај од корисниците, и не сакаат да ризикуваат да го изгубат пристапот до него“, се вели во соопштението објавено денеска.

Комисијата нагласи дека покренувањето истрага за да се процени дали „Гугл“ можеби ги прекршува правилата на ЕУ за фер конкуренција со злоупотреба на доминантната позиција на пазарот, не прејудицира за исходот од истата. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наполи тргнува по уште еден фудбалер на Јунајтед!

Следно

Брижит Макрон ги нарекува феминистките кои протестираат против силување „валкани ку*ви“

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,
Go toTop