ЕУ: Очекуваме Русија да се врати на Црноморската иницијатива за жито

September 4, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) ја покани Русија повторно да се вклучи во Иницијативата за жито преку Црно Море, јавува Анадолу.

Петер Стано, еден од портпаролите на Европската комисија, ја коментираше средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, Русија.

Тој нагласи дека ЕУ очекува Русија да се врати на Договорот од кој се повлече на 17 јули и да ги запре нападите што го спречуваат извозот на украинско жито на светските пазари.

„Русија го блокира најпогодниот пат за извоз на украинско жито на светските пазари. Ова е неприфатливо. Русија во моментов ја напаѓа пристанишната инфраструктура, алтернативните маршрути за извоз на жито од Украина“, рече Стано и додаде:

„Русија не само што го блокира украинското жито туку и профитира од тоа. Имено, тоа предизвикува зголемување на глобалните цени и го зголемуваат сопствениот извоз и остваруваат огромни приходи. Изјавите дека ЕУ го спречува рускиот извоз се дезинформации, манипулации и лаги. Русија повторно ќе се вклучи во Црноморските иницијативи за жито.“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес пристигна во рускиот приморски град Сочи како дел од еднодневната работна посета, со цел обновување на Црноморскиот договор за жито.

На 17 јули Русија го суспендираше своето учество во Договорот, со посредство на Туркије и ОН, за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црно Море кој беше запрен по војната во Украина, која започна во февруари 2022 година.

Москва се пожали дека Западот не ги исполнил своите обврски во врска со рускиот извоз на жито и дека не се испорачува доволно украинско жито во земјите на кои им е потребно.

Потврдувајќи ја важноста од исполнувањето на руските барања за извоз на нивно жито и ѓубрива, Туркије смета дека нема алтернатива за оваа Иницијатива.

Официјална Анкара презеде интензивни дипломатски напори за обновување на Договорот од јули 2022 година и, исто така, ги повика Киев и Москва да преговараат за да се стави крај на војната преку преговори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пендаровски се сретна со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, Бауер

Следно

Ковачевски за скандалот со клиниката за онкологија бара ефикасна истрага: „Ова е мултипартиски и мултиетнички криминал“

Latest from Blog

Јаглики: Сè што треба да знаете за одгледувањето, но и употребата во градината, кујната и козметиката

Овие повеќегодишни растенија се популарни декорации на балкони и градини, а имаат и јадливи цвеќиња и лековити својства. Јагликите, или на латински Primula vulgaris, се меѓу најубавите и најраспространетите видови пролетни цвеќиња.

Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст

Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст, напиша премиерот

Меџити: Видливи инвестиции за секојдневниот живот на жителите во Чаир

Првите големи инфраструктурни проекти во Чаир денес ги започна Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, кој е и кандидат за градоначалник на општината. Станува збор за

Бесплатен превоз од Битола до Пелистер за фестивалот „Пелистерски Вајб“

Поради големиот интерес за настанот „Пелистерски Вајб“, кој ќе се одржи во понеделник, 8 септември 2025 година, организаторите во соработка со превозниците Пелалинк, Хера турс и МИГ травел обезбедија бесплатен превоз за

Омерагиќ горд на младите фудбалери по двојната победа над БиХ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им упати честитки на младите репрезентативци до 19 години за двете победи против селекцијата на Босна и Херцеговина. „Пет победи во низа за младите
Go toTop