ЕУ објави Стратегија за подготвеност за вонредни ситуации

March 26, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) ја објави „Стратегијата на Унијата за подготвеност“ со цел да ја зајакне способноста на блокот да предвидува, спречи и одговори на заканите, се вели во денешното соопштение на Европската комисија, јавува Анадолу.

„Стратегијата има цел да ги унапреди цивилната и воената подготвеност и готовноста на ЕУ за идни кризи, така што сите актери да бидат подготвени и способни да реагираат брзо и ефективно доколку е потребно“, се вели во соопштението.

Стратегијата ги охрабрува земјите членки да ги зголемат резервите на клучна опрема и да ја поттикнат јавноста да складира резерви за најмалку 72 часа за сложени закани и предизвици, како што се природни катастрофи, војна или геополитички кризи.

Основните социјални услуги ќе се даваат за време на криза. Во овој контекст ќе се развијат минимални критериуми за подготвеност за основните услуги, како што се болниците, училиштата, транспортот и телекомуникациите.

Резервите на клучна опрема и други резерви, вклучително и вода, ќе се зголемат во земјите членки.

Јавноста ќе биде охрабрена за обезбедување доволно основни материјали и потреби за најмалку 72 часа при итни случаи, а ќе се подобри и координацијата во одговорот при кризи.

Ќе се формира центар за координација на кризи на ЕУ, со цел да се подобри интеграцијата помеѓу постојните кризни структури на ЕУ.

Цивилната и воената соработка ќе се зајакнат, ќе се одржуваат редовни вежби за готовност низ ЕУ, при кои ќе се соберат заедно вооружените сили, цивилната заштита, полицијата, здравствените работници и пожарникарите.

Ќе се развие сеопфатна процена на ризикот и заканите за да помогне во спречувањето на кризи, како природни катастрофи или мешан вид закани.

Исто така, ќе се воспостават протоколи за итни случаи за бизнисите за да се обезбеди брза достапност на основните набавки, стоки и услуги и да се обезбедат клучните производни линии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата ги „тресе“ имотите на Дејан Јованов – експертите повикуваат да нема селективна истрага

Следно

Македонија останува на исто место на ФИФА ранг листата

Latest from Blog

Божиновска: Снабдувањето со горива е во одлична кондиција, нема ризик од недостиг

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Електроенергетската мрежа остана во дефект во саботата навечер откако голема електрана во Нуевитас, во источната кубанска покраина Камагуеј, престана да работи, соопшти операторот на мрежата UNE. Тоа предизвика каскаден ефект што остави

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат
Go toTop