ЕУ нема да се произнесе за изборите во Србија додека ОБСЕ/ОДИХР не ги презентираат прелиминарните резултати

December 18, 2023
1 min read

Во меѓувреме, српскиот невладин Центар за истражување, транспарентност и одговорност, кого го цитира Радио Слободна Европа, оцени дека резултатите од изборите во Белград не ја одразуваат слободната волја на гласачите што живеат таму. Организацијата изразува голема загриженост за квалитетот на парламентарните избори, со оценка дека на денот на изборите драстично ескалирале кршењата на избирачките права, законите и институциите

Европската Унија (ЕУ) нема да се произнесе во врска со изборите во Србија додека мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Канцеларијата за човекови права и демократски институции (ОБСЕ/ОДИХР) не ги презентираат прелиминарните изборни резултати.

Ова на брифинг со медиумите го истакна портпаролката на ЕУ, Ана Писонеро, посочувајќи дека ЕУ ги следи изборите во Србија со голема внимателност, а оти Унијата секогаш се воздржува од коментари додека ОБСЕ/ОДИХР не дадат прелиминарна оценка.

Според последните ажурирани резултати што ги објави Републичката изборна комисија (РИК) на Србија, врз основа на обработени 7 808 избирачки места од вкупно 8 273, листата, „Србија не смее да запре“ на Српската напредна партија (СНС) убедливо води пред опозициската коалиција „Србија против насилството“.

Опозиционерите обвинија дека во Белград организирано биле донесени над 40 000 луѓе без легален престој за да ја поддржат листата на СНС, поништување на изборите во Белград и повторување на гласањето.

Во меѓувреме, српскиот невладин Центар за истражување, транспарентност и одговорност, кого го цитира Радио Слободна Европа, оцени дека резултатите од изборите во Белград не ја одразуваат слободната волја на гласачите кои живеат таму. Организацијата изразува голема загриженост за квалитетот на парламентарните избори, со оценка дека на денот на изборите драстично ескалирале кршењата на избирачките права, законите и институциите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туниски интернационалец е новото засилување на ракометниот клуб Вардар 1961

Следно

Промовирана „Најди ме“, на македонски, албански и ромски јазик

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop