ЕУ не сака да изгуби кандидатки поради Русија – Муцунски: Русија ја користи тезата дека ЕУ не е искрена за проширувањето

April 12, 2025
1 min read

Процесот на проширување е геополитички императив за Европската Унија, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос, во интервју за „Ле Монд“. Таа истакна дека мора да се осигура безбедноста на континентот.

„Помеѓу руската инвазија во Украина, промената на ставот на Соединетите Држави кон Стариот континент и амбициите на Кина на Балканот, мора да продолжиме напред без да изгубиме земја – кандидат, бидејќи тоа може да не ослабне.“, вели Марта Кос, еврокомесарка за проширување.

Последно, во мини турнејата на Западен Балкан, високата претставничка на Унијата, Каја Калас од Тирана порача дека Европа мора да се заштити од надворешните закани и повтори дека во оваа насока приоритет е и проширувањето.

„Актерите кои и се закануваат на европската безбедност го шират своето влијание ширум светот, како што е Русија, Иран, Северна Кореја и затскриено и Кина. Некои од нив тоа го прават тука на Западниот Балкан. Во тие земји слободата е далеку од реалноста.“, изјави високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.

Во интервју за „Евроњуз“, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски истакна дека Русија користи конвенционални методи ширејќи го своето влијание во регионот. Спорег него, во полза на Русија е тезата дека „Европската Унија не е искрена и нема никогаш да го интегрира регионот“.

„Сметам дека проширувањето треба да се случи поради многу причини, но една од овие причини, од сигурносна перспектива, е секако малигното руско влијание кое постои во нашиот регион, кое е таму. Понекогаш сакам отворено да истакнам дека руското влијание, особено во нашиот регион, доаѓа многу евтино и тие знаат тоа како да го искористат.“, рече Муцунски.

Во однос на регионот, неодамна првиот човек на британската дипломатија Дејвид Лами апелираше Западен Балкан што поскоро да се интегрира во Унијата, зашто може да биде ново поле на Русија за дестабилизација.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

100 години од букварот АБЕЦЕДАР, првата книга за деца на македонски народен јазик е издадена во Грција

Следно

Во Оман се одржаа индиректните преговори меѓу Иран и САД

Latest from Blog

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа
Go toTop