ЕУ ќе ја вооружува Украина со милијарди на Русија

May 9, 2024
1 min read

Договорот меѓу 27-те амбасадори на ЕУ го објави Белгија, каде што се чува најголем дел од замрзнатите средства на руската централна банка.

Се работи за околу 210 милијарди евра на Русија кои ЕУ ги замрзна како казна за руската инвазија на Украина.

Се очекува тие пари годишно да бидат оплодени со три милијарди евра кои би му се праќале на Киев: 90% за муниција и друга воена опрема, остатокот би се водел како друг вид помош.

Првата рата од средствата би можела да стигне во Киев во јули. ЕУ проценува дека до 2027 година би се насобрале од 15 до 20 милијарди ваков профит.

Земјите членки на ЕУ ќе треба официјално да го  потврдат договорот на своите амбасадори, по што ќе се чека да се види како ќе реагира Русија која во април предупреди дека некого „ќе боли“ ако им се чекаат нивните пари.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во новиот собраниски состав ќе има 41 пратеничка

Следно

НА СЦЕНАТА ИГРААТ ГОЛИ МАЖИ ВО ТАНГА: Шпанската претставничка со плагијатот на Неда Украден ја запали сцената, споредете ги и сè ќе ви стане јасно! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот
Go toTop