ЕУ има за цел да испорача најмалку 1,3 милиони артилериски гранати на Украина до крајот на годината

January 21, 2024
1 min read

ТАЛИН (АА) – Членот на Комисијата на Европската Унија (ЕУ) задолжен за внатрешниот пазар, Тиери Бретон, изјави дека планирано е најмалку 1,3 милиони артилериски гранати да бидат произведени и испорачани во Украина до крајот на годината со цел да се зајакнат украинските залихите со муниција, јавува Анадолу.

За време на посетата на Талин, главниот град на Естонија, Бретон се сретна со премиерката Каја Калас и разговараше со новинарите за поддршката на ЕУ за Украина во војната со Русија.

Истакнувајќи дека Европа ќе продолжи да ја поддржува Украина со сите нејзини средства, Бретон напомена дека планираат да ја постигнат целта до крајот на годината да произведат најмалку 1,3 милиони артилериски гранати и да ги достават на Украина.

Иако Бретон не даде информации за моменталното производство, тој порача дека производствените капацитети следната година ќе се зголемат значително и дека Украина ќе биде приоритет во дистрибуцијата.

Калас се осврна и на наводите дека Северна Кореја испратила артилериски гранати во Русија и ги повика европските земји да ги исполнат очекувањата на Украина.

„Ако Северна Кореја може да го направи тоа, и Европа дефинитивно може да го направи. Украина смета на нас, не треба да ги изневериме“, изјави Калас.

За време на посетата на поморската база во Шербур-ан-Котентен, во провинцијата Ла Манш, францускиот претседател Емануел Макрон повика на зголемување на производството и иновации за да се задоволи зголемената побарувачка на Украина за муниција.

Макрон наведе дека на потребите на Украина треба брзо да се одговори:

„Не можеме да дозволиме Русија да мисли дека може да победи. Победата на Русија би значело крај на европската безбедност.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството со детали за сообраќајната несреќа кај Табановце во која загина една жена

Следно

Борел в понеделник во Брисел ќе го претстави планот за мир меѓу Израел и Палестинците

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop