ЕУ го повика Израел „веднаш да ја прекине воената операција во Рафа“

May 15, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Европската Унија (ЕУ) го повика Израел „веднаш да ја прекине воената операција во Рафа“, се наведува во официјалното соопштение објавено денес, јавува Анадолу.

„Оваа операција дополнително ја нарушува дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа и води кон поголемо внатрешно раселување, изложеност на глад и човечко страдање“, се нагласува во соопштението на Кабинетот на шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Се потсетува дека повеќе од 1 милион цивили се засолнети во и околу Рафа.

„Европската Унија го повикува Израел да се воздржи од дополнително влошување на и онака лошата хуманитарна ситуација во Газа и повторно да го отвори преминот Рафа. Доколку Израел продолжи со својата воена операција во Рафа тоа неизбежно ќе влијае на односите на ЕУ со Израел“, предупреди блокот.

ЕУ, исто така, нагласи дека Израел мора да дозволи пристап на хуманитарната помош до цивилите и го потсети Израел на привремените наредби од 26 јануари и 28 март од Меѓународниот суд на правдата (МСП).

„Ги повикуваме сите страни да ги удвојат напорите за да се постигне итен прекин на огнот и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас“, се нагласува во соопштението.

Минатата недела, израелските сили започнаа копнен напад врз Рафа, каде што засолнети повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци, и ја освоија палестинската страна на преминот Рафа, витална рута за хуманитарната помош и единствената врата на територијата кон надворешниот свет.

Во израелските напади во Појасот Газа загинати се над 35.100 Палестинци. Нападите почнаа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, кој однесе 1.200 животи. Голем дел од енклавата е претворен во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид пред МСП, кој во јануари рече дека е „веродостојно“ дека Тел Авив врши геноцид во Газа, наредувајќи му да ги запре таквите акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов дијалог или нови рокови за уставни измени?

Следно

Турските сили неутрализираа 12 терористи на ПКК во северен Ирак

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop