ЕУ го потврди состанокот со Курти и Вучиќ во вторник во Брисел

April 28, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Европската Унија (ЕУ) соопшти дека во вторник, 2 мај, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ќе одржи состанок на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, пренесува Анадолу.

Како што се наведува, учеството го потврдиле претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти. Борел, со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак, ќе одржи заеднички состанок со лидерите.

На состанокот ќе се разговара за примената на Договорот за патот кон нормализација меѓу Србија и Косово.

„Од страните се очекува да ја усвојат Декларацијата за исчезнати лица, како прва точка на дневниот ред, по што ќе следува презентација и расправа за првиот нацрт на статутот на Асоцијацијата/Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово. Страните исто така ќе имаат можност да разговараат и за актуелни прашања од политичко значење“, се истакнува во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ: Вучиќ и Курти го потврдија доаѓањето во Брисел на 2 мај

Следно

Во завршна фаза е асфалтирањето улица ,,Козјак”

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop