ЕУ е подготвена да ги поддржи напорите на ОН за отворање на хуманитарен коридор во Газа

October 13, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Поддржувајќи го повикот на Обединетите нации (ОН), Европската комисија денес соопшти дека ЕУ е подготвена да се заложи за отворање на хуманитарен коридор кон Газа, известува Анадолу.

На конференцијата за новинари што ја организираше Европската комисија, главниот портпарол Ерик Мамер потврди дека ЕУ ја дели „загриженоста поради влошувањето на хуманитарната ситуација во Газа, особено поради недостатокот на вода, храна, медицински материјали, гориво и струја.“

„ЕУ го поддржува повикот на генералниот секретар на ОН (Антонио) Гутереш и подготвена е да ги поддржи напорите на ОН за помош во ублажувањето на ситуацијата“, рече Мамер.

Тој објасни дека тоа вклучува „охрабрување на создавање на хуманитарен коридор и овозможување на испорака на итно потребната хуманитарна помош“.

Тој ја повтори осудата на ЕУ „на насилните и неселективните терористички напади на Хамас ширум Израел“, и подвлече дека „Израел има право да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право“.

Истовремено нагласи дека цивилите мораат да бидат „претходно предупредени за претстојните воени операции, овозможувајќи им да заминат и тоа е она што Израел го стори.“

Тој напомена и дека овие потези би требало да овозможат избегнување на „силни хуманитарни последици.“

„Хамас не би требало да ги спречи луѓето да заминат и не треба да ги користи како жив штит“, рече Мамер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Режисерката Дина Дума во „Што го врти светот“: Новиот филм го развивав во Париз, во резиденцијата на Канскиот филмски фестивал

Следно

Пристигнаа евакуираните македонски граѓани од Израел

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop