ЕУ да одржи меѓувладини конференции со С Македонија и Албанија на почетокот на 2024 година, повика австриската министерка Едштадлер

November 8, 2023
1 min read

Во објавата на социјалните мрежи насловена како „ЕУ мора да го преземе водството во Западен Балкан“, министерката потенцира дека Унијата треба да постави конкретни целни датуми за пристапување за секоја од шесте земји во Западен Балкан по изборот на новиот состав на Европската комисија

Европската Унија треба да се стреми кон пет конкретни чекори доколку сака своите зборови за солидарност кон Западен Балкан да ги усогласи со акции. Ова, во очи на денешното објавување на извештаите на Европската комисија за напредокот на земјите кандидатки за членство, синоќа на социјалните мрежи го објави сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролина Едштадлер.

Меѓу петте точки на кои австриската министерка смета дека ЕУ треба да се фокусира е одржување меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија на почетокот на 2024 година.

Каролина Едштадлер, министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија / Фото: Твитер

Во објавата на социјалните мрежи насловена како „ЕУ мора да го преземе водството во Западен Балкан“, министерката потенцира дека Унијата треба да постави конкретни целни датуми за пристапување за секоја од шесте земји во Западен Балкан по изборот на новиот состав на Европската комисија.

Меѓу останатото, Едштадлер смета дека ЕУ треба да се фокусира на отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина до крајот на годинава, со Црна Гора да се постигне конкретен напредок пред европските избори, а пред изборите во ЕУ да се постигне напредок и во пристапните преговори со Србија и во обработката на апликацијата на членство на Косово.

„Ниту еден од овие чекори нема да ги поштеди овие земји од исполнување на сите критериуми за пристапување пред евентуалното членство во ЕУ. Сепак, во оваа фаза е време ЕУ да го преземе водството и да обезбеди вистински докази дека продолжуваме да бидеме сериозни во однос на ЕУ-перспективата на регионот“,

пишува австриската министерка Каролина Едштадлер во објавата на социјалните мрежи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државниот архив домаќин на 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања

Следно

Менкиноски: Покрај за мене, власта поднесе нови обвиненија за граѓани за истакнување на македонското знаме

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop