ЕСМ: СДСМ злонамерно продолжува да лаже и манипулира за централното греење

February 2, 2025
2 mins read

Дрско и злонамерно, со пласирање на погрешни податоци и конструкции за причините за зголемување на цената на топлификациското греење – СДСМ систематски пласира невистини! Лицемерно е токму тие што ја доведоа енергетиката во колапс во изминатите години, сега да глумат загриженост за граѓаните. Во времето на СДСМ, барањата за зголемување на цените беа значително повисоки бидејќи топлификациските компании енормно ги зголемија трошоците на работењето – со проблематични и сомнителни набавки и масовно полнење на компаниите со нестручни и несоодветни партиски кадри. Токму за овие злоупотреби веќе се водат истраги во обвинителството, а јавноста очекува одговорност за расипничкото работење. Во последното труење на јавноста, СДСМ манипулираат со изјави дека “над 200.000 граѓани во Скопје ќе добијат зголемени сметки за парно, и тоа поради барање на државната ЕСМ – истата таа компанија што Владата ја контролира!” Важно е да се напомене дека на територијата на град Скопје, околу 64 илјади семејства се приклучени на топлификацискиот систем, од вкупно 170 илјади семејства во градот. Криејќи се позади наводната грижа за граѓаните, останатите 106 илјади семејства во градот Скопје и 430 илјади семејства на територијата на државата кои се греат на други, поскапи извори на енергија – не беа интересни и не се грижа за СДСМ.

Ако тие навистина искрено се грижеа за трошоците на граѓаните за греење, ќе се трудеа кога беа на власт – да ги намалат а не да ги зголемат повеќе од двојно трошоците за производство на електрична енергија, која сеуште за греење ја користат најголем број на домаќинства во државата. Сакаме да потсетиме дека производната цена на електричната енергија на РЕК Битола само во периодот 2022 до 2024 била енормно зголемена од 61,9 евра MWh на 133,79 MWh. Ова е најдобар показател и доказ колку домаќински се управувало со државните ресурси и колку биле успешни енергетските политики токму на СДСМ и нивните поранешни коалициони партнери.

Најсилен демант на тезите на СДСМ е фактот дека топлификацискиот систем има сериозна вредност во енергетскиот систем на земјата и е најекономичен. Бројот на приклучени потрошувачи во тек на првата половина од оваа грејна сезона, кои го избираат централниот систем за греење, наспроти другите извори на топлина во урбани средини е зголемен за 930.

Ако СДСМ е одговорна партија како што сака да се претставува, и се грижи за граѓаните – нема патетично и тенденциозно да ја манипулираат јавноста со измислици дека цената на гасот на берзите во јануари била 40 евра за MWh – податок кој лесно се проверува. Директна причина за поскапувањето на парното греење се глобалните пазарни услови, а одлуките на домашните институции се само последица на истата. Имено, од почетокот на годината – цената на природниот гас на европските берзи бележи раст поради геополитичките случувања, ниските надворешни температури и зголемената побарувачка на пазарот. Најзначајниот фактор беше истекувањето на договорот за транзит на руски гас преку Украина на 1 јануари 2025 година, што предизвика скок на цените на гасот на TTF индексот до 50 евра за мегават-час, највисоко ниво во последните 12 месеци.

Ако СДСМ се искрени кон јавноста, ќе го презентираа фактот дека цената на топлинската енергија во топлификациските системи во регионот се зголеми повеќекратно во повеќе наврати. Македонија, како и сите земји од регионот, го купува гасот на отворени јавни повици каде берзанските цени имаат огромно влијание, што е главниот фактор за поднесување на барањата за регулиран максимален приход и цена. Согласно законите и актите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), компаниите лиценцирани за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија имаат обврска да реагираат кога има значителни промени во цената на гасот, енергент што претставува основно погонско гориво за производство на топлинска енергија.

Владата и надлежните институции веќе презедоа мерки за амортизација на овие ценовни притисоци. Субвенциите за енергетски ранливите потрошувачи остануваат во сила, а во тек се и разговори за алтернативни снабдувачки линии кои ќе го намалат влијанието на глобалните турбуленции.

Интегрален текст од соопштение на ЕСМ

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се урна таван на напуштена куќа- загинаа тројца малолетници во Јабланица

Следно

Правила и препораки ако одите на протест за Фросина

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop