ЕСМ ќе купува три години јаглен од косовски КЕК

August 17, 2026
1 min read

Во следните три години македонското државно акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе купува јаглен од косовската државна енергетска корпорација КЕК.

Со одлука на македонската Влада е склучен стратешки договор со КЕК со кој ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци, информираа од ЕСМ.

Партнерството предвидува гарантирана и фиксна цена од 24,4 евра по тон јаглен за времетраење на договорот, со точно дефинирани параметри за квалитет кои ќе бидат основа за купопродажба.

Договорот, како што потенцираа од таму, директно ќе донесе дополнително годишно производство од 800 GWh електрична енергија и приход од околу 57 милиони евра. Финансискиот ефект дополнително ќе се подобри со заштедите од намалената потреба за користење мазут при согорувањето, посочуваат од таму.

Државата ќе оствари и индиректни еколошки придобивки и финансиски заштеди, со годишно намалување на CO2 емисиите за 923.000 тони поради помалку согорен јаглен и за уште 55.980 тони поради намалената употреба на мазут, велат од таму, посочувајќи дека имајќи во предвид дека околу 70% од вкупното годишно производство на електрична енергија, во моментов, но и во наредните три години ќе ни доаѓа од термоелектраните, со потпишувањето на договорот, ЕСМ ќе обезбеди релативно долгорочна енергетската безбедност и стабилност за граѓаните и за индустријата.

За периодот од 2027 до 2030 година, проценетите годишни потреби од набавка на јаглен како надополнување на оние од домашно производство, изнесуваат околу 1,4 милиони тони или 600.000 тони за ТЕ Осломеј и 800.000 тони за ТЕ Битола.

Врз основа на логистички и инфраструктурни анализи за пропусноста на граничниот премин со Косово – Блаце, кој овозможува дневен транзит од максимум 120 камиони или околу 3.000 тони јаглен дневно, реалната максимална годишна количина што може да се очекува да се доставува од КЕК, изнесува околу 800.000 тони.

Косовскиот басен на јаглен во Обилиќ се вбројува во едно од најголемите наоѓалишта на висококвалитетен лигнит во Европа и светот.

Од ЕСМ посочуваат дека лабораториските испитувања потврдиле дека овој јаглен поседува одлични согорувачки карактеристики, со исклучително ниска содржина на сулфур и пепел, и просечна калориска вредност од околу 1.950 kcal/kg.

Овие карактеристики според ЕСМ идеално се вклопувале во оптималниот опсег за калоричност од 1.800–2.400 kcal/kg, содржина на сулфур под 1% и пепел под 20% – параметри по кои се димензионирани котлите во ТЕ Битола и ТЕ Осломеј.

До крајот на месецов ќе биде објавен оглас согласно Законот за јавни набавки, за избор на економски оператор кој за потребите на компанијата, наредните три години ќе ги реализира целокупните услуги за ископ, анализа на квалитет и утовар на јагленот од предвидените откопни полиња во рудникот во Обилиќ како и транспорт, шпедиција и истовар на јагленот на депониите во термоелектраните ТЕ Битола и ТЕ Осломеј.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трансфери во најава: Ѓокереш во Барса, Осимен во Арсенал, Баркола во Ливерпул за 135 милиони евра, Нето се сели во С.Арабија…

Следно

Венецуела бара од Британија да им врати 31 тон злато, вредно 4 милијарди долари

Latest from Blog

Венецуела бара од Британија да им врати 31 тон злато, вредно 4 милијарди долари

Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус е постигнат по две недели преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, а целта е да се деблокираат

Трансфери во најава: Ѓокереш во Барса, Осимен во Арсенал, Баркола во Ливерпул за 135 милиони евра, Нето се сели во С.Арабија…

фото: Premier League (X) И тоа како е интересно на фудбалскиот пазар во Европа. Откако, секако поради СП 2026, клубовите во Премиерлигата како да беа тивки, сега и тоа како покажуваат кој

Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп

Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули. Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат,

Ново поскапување на горивата: Дизелот од утре 98, бензинот 91,50 денари

Цените на горивата од полноќ повторно се зголемуваат. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек растат за 4,85 отсто во однос на претходната одлука.

Општина Прилеп: 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

Општина Прилеп со особено задоволство ја поддржува 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026, манифестација која годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува
Go toTop