Ерупцијата на вулкан на Исланд се смирува: „Ќе биде туристичка атракција“

December 20, 2023
1 min read

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше завчера по неколкунеделна интензивна сеизмичка активност, по што властите на полуостровот Рејкјанес евакуираа речиси 4 000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања „Сина лагуна“

Вулканската ерупција на Исланд денеска почна да губи од интензитет, додека населението на главниот град Рејкјавик мирно се враќа на секојдневието.

„Моќта на ерупцијата слабее со текот на времето, како и сеизмичката активност и деформацијата на тлото. Најновите надзорни фотографии покажуваат дека активноста е ограничена на два кратери, југоисточно од Стора-Скогафел, додека претходно имаше три“,

објави Исландскиот метеоролошки институт (ИМО).

Речиси 4 000 луѓе беа евакуирани

Вулкан во југозападен Исланд еруптираше завчера по неколкунеделна интензивна сеизмичка активност, по што властите на полуостровот Рејкјанес евакуираа речиси 4 000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања „Сина лагуна“.

Тоа беше четврта ерупција во последните две години.

„Сите беа возбудени, но и мирни. Навикнати сме на тоа. Тоа е Исланд, знаете, и неговата моќна природа“,

изјавила Ана Дора од Рејкјавик, 40 километри североисточно од ерупцијата.

Друг жител на градот рекол дека живее во близина на вулканот. Тој опишал дека на почетокот ерупцијата била силна и огромна, но сега била намалена.

„Тоа ќе биде уште една туристичка атракција“

За 33-годишната Хелга Гудјонсдотир, тоа е нешто што ќе продолжи да се случува и нешто со кое мора да живеат.

„Тоа ќе биде уште една туристичка атракција. Се надеваме дека ќе придонесе за економијата“,

изјавил Лукаш Вробел, родум од Полска, кој живее на Исланд во последните шест години.

Вулканолозите предвидуваат дека новиот циклус на полуостровот Рејкјанес би можел да трае десетици години.

Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, фонтаните од лава еруптираа спектакуларно од пукнатина долга 500-750 метри во земјата во вулканскиот систем Фаградалсфјал.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Целосно е завршена дигитализацијата во училиштата во Бутел, соопшти Костовски

Следно

„Петарди НЕ, безбедност пред се“, превентивна активност на СВР Тетово и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop