Ерупција на „Бернабеу“: Мбапе ја расплака својата мајка, па го бакна грбот на Реал Мадрид (ВИДЕО)

July 16, 2024
1 min read

Килијан Мбапе ја дочека својата презентација во Реал Мадрид пред повеќе од 80 илјади гледачи на „Сантијаго Бернабеу“, момент кој сигурно засекогаш ќе остане врежан во меморијата на голмата француска фудбалска ѕвезда.

Мбапе си го исполни својот животен сон и го облече белиот дрес на Реал, но за спектаклот да биде уште пооргинален се погрижи самиот француски капитен.

Килијан беше пречекан на свечената церемонија од Флорентино Перез и Зинедин Зидан, па откако доби безброј пофалби од претседателот, дојде ред и тој да се обрати пред фановите.

Мбапе покажа класа и одржа говор на шпански јазик, нешто што уште повеќе ги привлече симпатиите меѓу навивачите на „кралскиот клуб“.

– Добар ден на сите, ќе се обидам да зборувам на шпански….. Уау…… неверојатно е тоа што сум тука. Сонував со години да заиграм за Реал Мадрид и денеска тој сон ми се оствари. Јас сум многу среќно момче во моментов. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез кој ми веруваше од првиот ден. Се случија многу работи, но еве тука сум…..

– Благодарност до сите фанови кои дојдовте тука, посебно е што го гледам моето семејство тука. Гледам дека мојата мајка плаче….., – изјави Мбапе, кој потоа го бакна грбот на Реал и предизвика лудница на „Бернабеу“.

– Ова е неверојатен ден за мене, од дете сонував да бидам тука и ова многу ми значи. Мадридистите веќе со години ми искажуваат љубов, а сега имам уште еден сон. Се надевам дека ќе бидам на висина на задачата, дека ќе бидам на висина на историјата која ја има овој клуб. Видов дека денеска има многу деца на трибините, и имам совет и за нив. Верувајте во тоа што го сакате и верувајте во соништата. Јас бев како вас. Денеска јас сум тука, утре може да бидете вие.

– Горд сум што си го остварив сонот и што станав играч на најдобриот клуб во историјата. Нема да продолжам да зборам, за да не почнам да плачам… Сега, сите со мене: Еден, два, три…… Хала Мадрид, – изјави Мбапе.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како да се одизбере претседател

Следно

Хеликоптери и авиони од ЕУ за гаснење на пожарите

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop