Ерменија го ратификуваше Римскиот статут, со што земјата е под јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд

October 3, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Парламентот на Ерменија денес го ратификуваше Римскиот статут, ставајќи ја земјата под надлежност на Меѓународниот кривичен суд (МКС) со седиште во Хаг, известува Анадолу.

Шефот на ерменскиот Парламент, Слен Симонјан, соопшти дека 60 пратеници гласале за придружување на Ерменија во меѓународниот механизам, а 20 биле против.

Во март МСК издаде налог за приведување на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека незаконски депортирал стотици деца од Украина. Москва ги отфрли обвинувањата.

Ерменија одлучи да се приклучи кон МКС во март, што предизвика негативни реакции од страна на Русија.

Москва ги нарече намерите на Ерменија апсолутно неприфатливи, земајќи го предвид налогот на МКС за приведување на Путин.

Министерството за надворешни работи на Русија објави дека Ерменија, сојузничка на Москва, е предупредена за крајно негативните последици од таквиот потег врз билатералните односи.

Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, усвоен 1998 година во главниот град на Италија, е договор со кој е основан Меѓународниот кривичен суд.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски одвои 3.500.000 денари за спортските клубови од општината со која раководи (ФОТО)

Следно

Аташе за земјоделство во Германската амбасада во Скопје ќе биде надлежен за земјава, но и за цел Западен Балкан

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop