Ердоган: „Нетанјаху веќе не е некој со кој можеме да разговараме, го пречкртавме и фрливме“

November 4, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повеќе не е некој со кој ќе се разговара и порача дека Туркије ќе стори сѐ што е во нејзина моќ да ги разоткрие кршењето на човековите права и воените злосторства од страна на Израел и да ги претстави пред Меѓународниот кривичен суд, известува Анадолу.

Ердоган во интервју за време на авионскиот лет на враќањето од службената посета на Казахстан, изјави дека за нападите врз блокираниот палестински Појас Газа најодговорен е израелскиот премиер Нетанјаху, кому му ослабува поддршката и во Израел.

„Нетанјаху веќе не е некој со кој можеме да разговараме, го пречкртавме и фрливме“, порача Ердоган.

Претседателот на Туркије Ердоган рече дека Нетанјаху ја загубил поддршката на израелските граѓани и со верска реторика сака да ја придобие поддршката за масакрите во Газа.

Ердоган додаде дека Нетанјаховите дела немаат никаква врска со верските книги, вклучувајќи ги и Тората и Библијата.

„Реков нешто во својот говор на Маршот за Палестина во Истанбул. Најавив дека ќе ги поддржиме иницијативите кои би ги изнеле израелските кршење на правата и воените злосторства пред Меѓународниот кривичен суд. Нашите надлежни органи, особено Министерството за надворешни работи, ќе ја спроведе оваа работа“, рече Ердоган.

Претседател Ердоган рече и дека Туркије е подготвена да дејствува како земја гарант за Газа по судирите.

Турскиот претседател нагласи дека светот ги затвара очите пред израелските брутални напади на цивилите и здравствената инфраструктура, оставајќи ги бебињата и цивилите да умрат.

Истакнувајќи дека ниту Европската унија на правичен начин не му пристапила кон прашањето за Газа и дека била и вон дипломатските процеси во руско-украинската војна, Ердоган рече дека со тоа е нарушена довербата во ЕУ.

„Сиот свет мора да го чуе плачот на палестинските деца. Наша должност е да им подадеме рака помош на тие недолжни и угнетени луѓе. Тоа е човечка должност“, истакна Ердоган.

Претседателот Ердоган рече дека престојниот самит на Организацијата на исламска соработка (ОИС) во Ријад ќе биде клучен во напорите за прекин на огнот во Газа.

„Туркије сака да ја види Газа мирна, како дел од суверена држава Палестина, со територијален интегритет и источен Ерусалим (Кудс) како главен град во границите од 1967 година“, порача претседателот Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Несреќа меѓу два велосипеда во Прилеп – едно лице тешко повредено

Следно

Мицкоски за Онкологија: Има омилена веледрогерија која снабдува милионски суми на лекови, а од друга страна има катастрофални услови каде се аплицираат истите

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop