Ердоган: „Ќе го научиме Западот дека навредувањето на светињите на муслиманите не е слобода на мислење“

June 29, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – „Ќе го научиме Западот дека навредувањето на светињите на муслиманите не е слобода на мислење“, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, коментирајќи го вчерашното палење на примерок од Куранот во Шведска, јавува Анадолу.

Ердоган присуствуваше на прославата на Курбан бајрам со членовите на Партијата за правда и развојот (АК Партија) во Истанбул и зборуваше за актуелните настани. Меѓу другото, тој го коментираше вчерашниот инцидент на палење на примерок од Куранот во Стокхолм, главниот град на Шведска.

„Оние кои го прават ова злосторство, кои го дозволуваат под превезот на слободата на мислата, кои замижуваат пред оваа подлост, нема да ги постигнат своите цели. Ќе реагираме најостро додека не се започне решителна борба против терористичките организации и непријателите на исламот“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека е неопходно да се знае дека Туркије никогаш нема да подлегне на политиката на провокација или на политиката на закани.

„На крајот ќе ги научиме западните споменици на ароганцијата дека навредувањето на светињите на муслиманите не е слобода на мислење“, заклучи Ердоган.

Вчера, лице идентификувано како Салван Момика, по потекло од Ирак, запали копија од Куранот под полициска заштита пред џамија во Стокхолм.

Шведскиот апелационен суд на 12 јуни ја потврди одлуката на понискиот суд за поништување на забраната за палење на Куранот, пресудувајќи дека полицијата немала правна основа да спречи два протести за палење на Куранот претходно оваа година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пад од три места на ФИФА листата за македонската репрезентација

Следно

Покрената истрага против францускиот полицаец што уби тинејџер

Latest from Blog

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што избувна по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на египетската престолнина Каиро – соопшти

„Бесни сме. И имаме шест наредби“: Протест во Скопје поради насилството врз жените

  Со едноминутно молчење во спомен на жените и девојките чии животи беа насилно одземени, вечерва во Скопје, започна протестот на Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“. Протестот

Драма во авион: Маж сакал да ја отвори вратата среде лет, патниците го совладаа (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на летот 1494, а видеото од настанот прикажува маж во конфликт со кабинскиот екипаж, пренесува ABC7. Патниците му помогнале на екипажот Според изјавата на еден од патниците, Шон Бенет,
Go toTop