Ердоган: Израел мора да стави крај на окупацијата на палестинската територија, да ја надомести штетата што ја предизвика

February 11, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Израел мора да стави крај на окупацијата на палестинската територија и да надомести за штетата што ја предизвика, јавува Анадолу.

„Воспоставувањето независна, суверена и географски интегрирана држава Палестина врз основа на границите од 1967 година, со Источен Ерусалим како главен град е ‘суштинско’“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со малезискиот премиер Анвар Ибрахим за време на посетата на Малезија.

Во врска со помошта за Газа, турскиот претседател рече дека верува оти можат да се справат со ова доколку се здружат сите членки на АСЕАН.

Од своја страна, Анвар рече дека Туркије покажала лидерство за прашањето за Газа и дека ниту една друга земја за која знае не направила толку колку што направила Туркије за хуманитарната помош.

Тој рече дека ќе ја мобилизираат Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) за реконструкција на Газа под ротирачкото претседателство на Малезија.

Во врска со прекинот на огнот во Газа, Анвар рече дека „агресивната и експанзионистичка“ политика на Израел продолжува и ги довела во прашање шансите за напредок бидејќи Израел не се повлече од палестинската енклава.

За трговските односи помеѓу Туркије и Малезија, Ердоган рече дека тие одлучиле да го зголемат обемот на билатералната трговија на 10 милијарди долари, кој претходно беше одреден на 5 милијарди долари.

Турскиот претседател беше пречекан од малезискиот премиер Анвар Ибрахим со официјална церемонија.

Во Путраја, Ердоган и Ибрахим одржаа разговори и присуствуваа на меѓуделегацискиот состанок на кој дискутираа за билатералните односи и меѓународните прашања, вклучително и за војната во Газа.

По церемонијата на потпишување неколку договори, тие одржаа заедничка прес-конференција.

Во текот на денот Ердоган ќе се обрати и на Бизнис-форумот Туркије-Малезија.

Во недела Ердоган отпатува во четиридневна посета што ги опфаќа Малезија, Индонезија и Пакистан.

Тој вчера одржа говор на Универзитетот Малаја, каде што му беше врачен почесен докторат.

„И покрај географската оддалеченост, Туркије и Малезија, кои се наоѓаат на двете различни страни на Азија, всушност се две пријателски, братски и партнерски земји“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Следно

ВИДЕО: Дончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по ред

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop