Ердоган го поддржа влезот на Украина во НАТО, вели Зеленски

July 8, 2023
1 min read

Украинскиот претседател ја даде оваа изјава на заедничка конференција за печат со турскиот претседател во Истанбул

Двете земји договарале учество на Турција во обновата на Украина, но и соработка на воено-индустрискиот комплекс во размена на технологии, производство на дронови и други стратешки прашања

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека бил „среќен да слушне“ дека Турција ја поддружува апликацијата на Украина за влез во НАТО алијанската. Оваа изјава Зеленски ја даде говорејќи покрај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на заедничка конференција за печат во Истанбул, Турција. Двајцата претседатели имаа средба на која разговарале за „клучни прашања за нашата работа во контекст на НАТО, особено за подготовките пред самитот на НАТО во Вилнус“.

А на самитот на Вилнус се очекува Украина да биде на врвот на агендата.

„Го отворив прашањето на членството на Украина во НАТО алијансата и бев среќен да слушнам дека претседателот Ердоган ја поддружува Украина да стане членка на НАТО…

Направивме и одредени договори… Ја поканив Турција да учествува во обновата и трансформацијата на Украина. Тоа ќе биде џиновски проект и потребна ни е помош од искуството и технологијата на Турција“,

изјави Зеленски.

Како што кажа Зеленски, со Ердоган било разговарано и за соработката со воено-индустрискиот компекс, поточно за развој на технологии, производство на дронови и за други стратешки насоки.

Поддршката на Турција за членство на Украина во НАТО доаѓа во период кога официјална Анкара одбива да даде поддршка за членство на Шведска во алијансата. Шведска, заедно со Финска, побараа членство во НАТО набрзо по руската инвазијата на Украина, но Турција му замерува на официјален Стокхолм што дозволува присуство и дејствување на курските сепаратисти, особено на Работничката партија на Курдистан (ПКК). Финска стана членка на НАТО во април.

Зеленски ја посети Турција откако претходно беше и во Прага, во ненајавена посета во Словачка. Неговата посета е под будното око а Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кажа дека Москва многу внимателно ќе ја следи состојбата, бидејќи Русија и Турција одржуваат тесни пријателски врски и очекуваат реципроцитет од турска страна.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додека Ахмети ја држи владата на Ковачевски, неговите внуци и син прават милионски бизниси, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

„Елмас е десетпати подобар од Фратези, но е потценет затоа што игра во Наполи“

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски

Читателите на Религија.мк го избраа митрополитот Пимен за личност на годината

Главниот и одговрен уредник на Религија.мк, му ја врачи плакетата за избор на личност на годината на митрополитот Европски Пимен. На врачувањето на плакетата, митрополитот Пимен посочи дека наградата за него е

Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел

На лондонскиот пазар попладнево барелот се тргуваше по пониска цена за 3,34 долари отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела, која изнесуваше 65,98 долари. На американскиот пазар, беше поевтин
Go toTop