Ердоган бара МКС да ги повика на одговорност „касапите на Газа“, особено Нетанјаху

December 2, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, порача дека очекува Меѓународниот крвичен суд (МКС) да ја осигура одговорноста за „касапите на Газа“, особено на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, известува Анадолу.

Обраќајќи им се на новинарите во претседателскиот авион на враќањето од Дубаи, каде учествуваше на Климатскиот самит COP28, Ердоган ја нагласи потребата да се казнат сите оние чии раце се окрвавени во монструозните израелски напади на Газа.

Ердоган нагласи дека внимателно ќе ја следи постапката во Хаг, изразувајќи надеж дека тоа ќе придонесе за барем некакво чувство за правда.

Претседателот на Туркије повторно најостро ги осуди израелските напади во Појасот Газа и додаде:

„Ова е државен тероризам. Не можеме да останеме неми на овој државен тероризам“.

Ердоган истакна и дека „масакрот на администрацијата на Нетанјаху во Газа е врежана во историјата како црна дамка.“

„Тоа е црна дамка и за државите кои тоа безусловно го поддржуваат“, рече Ердоган.

Предупредувајќи дека светот никогаш нема да ја заборави рамнодушноста на тие држави и намеѓународните организации, претседателот на Туркије истакна:

„Израелските функционери, кои се познати како жртви на геноцид, сега се претворија во убијци“.

Ердоган повторно нагласи дека Палестина мора да стане независна држава.

„Доколку му дадеме приоритет на дводржавното решение, прашањето на Газа и заканите ќе престанат. Исклучувањето на Хамас не е реално сценарио“, рече Ердоган и додаде:

„Со нашите соговорници дојдовме до точката по која повеќе не може да се дискутира за прашањето за Газа доколку не постои решение за две држави.“

Ердоган уште еднаш повтори дека смета дека палестинската група Хамас не е терористичка организација.

„Останувам при својот став. Без разлика на тоа што некој ќе каже, јас не можам да го прифатам Хамас како терористичка група“, рече турскиот претседател.

Ердоган порача дека Туркије смета дека во овие тешки моменти, клучно е повторно да се најде можност за траен мир.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Загина 63-годишен велосипедист од Кичево откако камион удрил во него!

Следно

МВР: Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Latest from Blog

Божиновска оствари низа средби со претставници од Шведска, Холандија и Marmara Group со фокус на зелена транзиција и инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари серија значајни средби со меѓународни партнери – претставници на Шведска, Холандија и Marmara Group, со цел унапредување на соработката во областа на

Божиновска бара шведска експертиза и холандски иновации за енергетскиот сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери од Шведска, Холандија и со претставници на Marmara Group, со фокус на унапредување на соработката, привлекување

Соработката со САД во фокусот на средбата на Николоски и Варнс

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денес оствари работна средба со вршителката на должност амбасадор на САД во Македонија, Никол Варнс. На средбата се разговараше за реализирање на капиталните
Go toTop