Епл се откажа од планот за правење кола

March 1, 2024
1 min read

Епл минатата недела на речиси 2.000 свои вработени на проектот од ведро небо им соопштува дека се откажува од плановите за производство на електричен автомобил. Одлуката ја споделува ЦОО-то на Епл, Џеф Вилијамс и потпретседателот Кевин Линч,  кој е задолжен за проектот.

Одлуката е да почне да се намалува бројот на членовите на тимот што работи на автомобилот и истите полека да се префрлаат во одделот за вештачка интелигенција, кој се смета за приоритет на Епл.

На хардвер инженерите што работеа на возилото и дизајнерите на возила ќе им биде дозволено да аплицираат на други позиции и други Епл тимови. Ќе има и луѓе што ќе бидат отпуштени, но не е познато колку.

Блумберг смета дека соопштението е „олеснување“ за инвеститорите, што го покажува и растот на вредноста на акциите на компанијата за 1%.

Епл почна да работи на електрично автономно возило во 2014, и беше замислено нивниот модел да има внатрешност на лимузина, управувана со гласовни команди, без волан и педали. Проектот и тимот од почеток имаа проблеми, а раководството беше сменето неколку пати.

Сериозен придонес кон одлуката на Епл има и падот на интересот за електрични возила и намалената продажба што се последица на високите цени и недостатокот на инфраструктура за полнење.

Пред одлуката за гасење на проектот Епл, кој во тимот успеа да собере луѓе од Астон Мартин, Ламборџини, БМВ и Порше, размислуваше за одложување на премиерата на првиот автомобил до 2028.

Последната информација беше дека Епл планира цената на возилото да биде околу 100.000 евра. Стравот на директорите на Епл беше дека со оваа цена Епл нема да заработува како што обично заработува од другите проекти.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Приведен разбојник од Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци

Следно

На крајот на светот: Вака изгледа куќата во која Сузана Манчиќ ќе ги помине пензионерските денови, ја добила заслужно на подарок (ФОТО)

Latest from Blog

Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа

(Видео) РЕКИ ОД ЛАВА НА ПАДИНИТЕ НА СИЦИЛИЈА – Еруптираше Етна, најголемиот вулкан во Европа

Најактивниот вулкан во Европа, Етна на Сицилија, повторно еруптираше, создавајќи спектакуларна глетка од реки од уштена лава кои течат низ неговите падини. Според извештаите на Би-Би-Си и италијанскиот Национален институт за геофизика

Комуналец Прилеп: Во тек косење на повеќе локации долж Оревоечка река

Од Одделението „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Комуналец“ Прилеп две екипи интензивно работат на косење на проблематични делови од Оревоечка река. Активностите се одвиваат на потегот од мостот „Димо Наредникот“ кон мостот

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик

СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат
Go toTop