„Еноси“: АЕК се надева на пресврт во Скопје

May 23, 2025
1 min read

Не одиме како жртви. Одиме да испишеме наша историја и да имаме помалку чувства на каење отколку во првото финале, бил коментарот на тренерот на АЕК Фредерик Бужан во пресрет на реваншот со Алкалоид в недела, според спортскиот портал „Еноси“, што е специјализиран за вести поврзани со екипите на АЕК во сите спортови, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот под наслов „АЕК: Со верба за пресврт во второто финале против Алкалоид“, порталот пишува дека ракометарите во текот на оваа седмица работеле „со цел се претстават во поинакво лице во второто финале против Алкалоид“, бидејќи резултатот од првиот натпревар во Атина „ги разочара сите во редовите на АЕК бидејќи сликата на тимот во никој случај не одговараше на неговиот реален потенцијал“.

Тимот, според порталот, се фокусирал на грешките направени во одбраната и нападот, а во Скопје доаѓаат „за да ја исцрпат секоја можност што ја имаат за пресврт“.

– Четири гола во никој случај не се пречка, сепак, АЕК ќе мора да ја покаже својата добра натпреварувачка страна и да одигра совршена игра, пишува порталот.

Тренерот на АЕК, Французинот Бужан изразил увереност дека неговиот тим „оди во Северна Македонија за да ја напише својата историја и под никакви околности нема да ја прифати својата судбина“

– Една седмица е доволна за да се направи промена … или да се обидеш да се напишеш едно ново сценарио! Па сега, ќе се фатиме за работа. Ќе се погледнеме во очи и ќе ја искористиме нашата шанса до крај. Не одиме како жртви. Одиме да испишеме наша историја и да имаме помалку чувства на каење отколку во првото финале! И како што рековме … овој двомеч нè подготвува идеално за крајот на сезоната, бил коментарот на Бужан, според „Еноси“.

Ракометарите на АЕК, според информациите на МИА од Атина, веќе се во Скопје во пресрет на натпреварот што в недела ќе се одигра во „Борис Трајковски“ во 20.30 часот.

Во првиот натпревар во Атина, Алкалоид со 25:29 го совлада домашниот тим во преполната сала во грчката престолнина, со присуство на 7.800 гледачи што беше и рекордна посетеност на ракометен натпревар во Грција.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп упати закана дека ќе воведе царина од 50 % за ЕУ

Следно

Мицкоски: Самитот на НАТО во Хаг можност за билатерална средба со Бугарија, на која би присустувале и Кошта, Фон дер Лајен, Калас, Руте

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop