Емине Ердоган: Неизбежено е спроведување на праведен акционен план за климата

December 2, 2023
1 min read

ДУБАИ (АА) – Луѓето мораат да престанат да ја доживуваат природата како непријател и потребно е повторно да се воспостави врска со неа, изјави вчера првата дама на Туркије, Емине Ердоган, повикувајќи на правичен акционен план за климата, известува Анадолу.

„Гледаме дека и државите кои никогаш не го изгубиле односот со земјата исто така се соочуваат со кризи за кои не се одговорни. Неизбежно е да се спроведе правичен акционен план за климата за да може да се убедат Африка, Азија и Латинска Америка да се приклучат во универзалната борба“, рече Емине Ердоган на панелот „Климатски разговори за зелена иднина“ одржан во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.

Емине Ердоган, сопругата на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека според неа, многу е важно решенијата за еколошките проблеми да се бараат состанувајќи се во различни географски области.

За иницијативата Нулти отпад („Zero Waste“) предложена од страна на Туркије, Емине рече дека проектот е движење кое се потпира врз волонтери.

Во 2017 година, под покровителство на првата дама на Туркије, започнат е проектот Нулти отпад со цел да се истакне значењето на рециклирањето на отпадот во борбата против климатската криза. Во декември минатата година Генералното собрание на ОН едногласно ја усвои резолуцијата за нулти отпад претставена од Туркије, прогласувајќи го 30. март за меѓународен ден на нулти отпад.

„Откако нашиот проект е усвоен на целата планета, стана возможно да се зголеми стапката на рециклирање од 13% на 30%, што на стопанството му донесе 3,5 милијарди долари“, рече Емине Ердоган, додавајќи дека Туркије спречила емисија на 4,9 милиони тони стаклени гасови.

Таа рече дека за доброто на следните генерации, од суштинско значење е луѓето, особено развиените земји, да се откажат од индивидуализмот и заеднички да го штитат светот.

„Со сето срце верувам дека бројката на активни климатски волонтери ширум светот се зголемува. Ќе сториме сѐ нашиот глас да се чуе и нашите конкретни резултати да се зголемат“, рече првата дама на Туркије.

Осврнувајќи се на децата убиени во израелските напади во Појасот Газа, Емине Ердоган истакна:

„Би сакала да кажам дека немаме право на идните генерации да им го оставиме светот извалкан со геноцид.“

„Додека децата се убиваат на секои 10 минути во Газа, дали е можно нашиот повик за меѓународна правда да најде одговор во совеста? Навистина ќе вреди да се спаси светот во кој меѓународното право и човечките вредности важат за целото човештво, без разлика на религијата, јазикот, расата или етничката припадност“, додаде Емине Ердоган, првата дама на Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Македонија се топи: Има повеќе умрени од родени во третиот квартал од годинава

Следно

Негативен природен прираст во третиот квартал од годинава

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop