Ем сме сиромашни, ем фрламе храна

October 16, 2024
1 min read

Иако Македонија е сиромашна земја, нивото на фрлена храна е како кај развиените земји, покажува Извештајот за индексот на фрлена храна на ОН, a сè додека законски не се регулира оваа област, а во услови на енергетска криза, ќе има сè помалку храна за оние на кои им е најпотребна.

Денеска е Меѓународниот ден на борба против гладта, а до 22 Октомври се одбележува неделата на борба против гладта сепак во земјава секој поединец во просек фрла околу 98.36 килограми храна годишно, покажува Извештајот за индексот на фрлена храна на Обединетите Нации, а годишно се фрлаат 179.800 тони храна. За споредба во 2021 година ови бројки биле помали поточно 93.18 тони по поединец и на годишно ниво 172.500 тони. Ова ниво на фрлена храна е исклучително високо и е на ниво на развиените земји, односно ние спаѓаме во првата половина на земјите во Европа по количеството на фрлена храна.

Во услови кога се зголемуваат цените, очекувањата се дека храната ќе биде се поскапа и се понедостапна за граѓаните, а фрлањето храна не е само фрлање на храна, туку фрлање пари и непочитување на трудот на работниците кои ја произвеле таа храна.

Речиси 48 милиони луѓе, според Обединетите нации, се соочуваат со вонредни нивоа на глад и тоа доведува до акутна неухранетост, глад, па дури и смрт. Околу 70 милиони луѓе се турнати во сиромаштија само поради она што се случува во Украина во однос на недостигот на храна и прекините на снабдувањето за овие земји. Проценките на ОН се дека околу 200 милиони луѓе во 53 земји се соочуваат со акутна несигурност на храна.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика во Македонија, расте бројот на граѓани кои живеат во екстремна сиромаштија. Податоците на ДЗС покажуваат дека речиси 452 илјади граѓани живееле под прагот на сиромаштија во 2020 година во Северна Македонија.

Сиромаштијата во Македонија беше голем проблем уште од осамостојувањето, но дополнително се продлабочи со транзицијата што следеше во 90-те години. Денес, речиси половина од населението во Македонија живее во сиромаштија или е во ризик од сиромаштија и социјална исклученост. 

Според некои проценки, се смета дека на глобално ниво, непотребно се фрла или губи околу една третина од храната произведена за човечка потрошувачка.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

Следно

НЕКОЛКУМИНУТНИ ОВАЦИИ ПО ДОМАШНАТА ПРЕМИЕРА НА „ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ , СЛЕДУВААТ ЧЕТИРИ ПРОЕКЦИИ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО САО ПАУЛО

Latest from Blog

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на
Go toTop