Елмас откри какви инструкции добиле од Конте

December 8, 2025
1 min read
Фото: Наполи

Наполи и Елиф Елмас запишаа голема победа во 13-тото коло во Серија А, откако го победија Јувентус на својот стадион со 2:1, во големото дерби. Македонскиот репрезентативец одигра уште еден комплетен меч иако на поинаква улога, но покажува дека полека ја добива довербата на тренерот.

„Можам да направам сè на теренот, во моментов треба да играм како дефанзивен играч од средниот ред и мислам дека добро одговорив. Важно е што тимот победи, ако е потребно нешто друго, се обидувам да го направам тоа.

Играњето со Мектоминај беше убаво, тој е малку поофанзивен и се обидов да го покријам. За да играш на оваа позиција мора да бидеш интелигентен, инаку не можеш да покриеш сè“. 

Потоа откри инструкции од Антонио Конте за време на подготовките за натпреварот:

„Го подготвивме натпреварот како да играат со еден напаѓач, но тренерот ни рече да одиме и да ги притиснеме и ги постигнавме овие три важни бода.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Речиси 1.000 загинати – 1 милион раселени во поплавите во Индонезија

Следно

Николоски: Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар!

Latest from Blog

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени

Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал

Микел Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал. Договорот на 44-годишниот Шпанец е со важност до 2030 година, а според новиот договор, тој ќе заработува приближно 20
Go toTop