Елмас ја сака Серија А: Има нова опција од калчото, но цената се зголеми!

June 15, 2025
1 min read

Торино донел одлука да не ја искористи опцијата за откуп на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, која беше договорена на 17 милиони евра со германскиот РБ Лајпциг. „Биковите“ ја оценија оваа сума како преголема, и покрај квалитетите на играчот.

Сепак, Елмас изразил желба да остане во Италија – првенство кое добро го познава и каде се чувствува пријатно, благодарение на своето претходно искуство со Наполи. По неговото враќање во Лајпциг, германскиот клуб ја зголемил цената и сега бара најмалку 20 милиони евра за негова целосна продажба.

Во вакви услови, се отвораат нови можности. Една од екипите која покажала сериозен интерес за Елмас според медиумите од Италија е амбициозниот Комо, клуб кој неодамна се врати во Серија А и има силна финансиска поддршка. Иако сумата што ја бара Лајпциг ја прави зделката сложена, желбата на Елмас да остане во Италија може да одигра клучна улога во олеснување на евентуалните преговори.

Следните денови ќе бидат клучни за иднината на македонскиот плејмејкер, кој и понатаму останува во фокусот на италијанскиот трансфер пазар.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вкупно 22 лица побарале асистенција за напуштање на Израел и враќање во Македонија

Следно

Шестата Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop