Електрични автомобили „Е-Го“ отиде во историја

March 9, 2024
1 min read

Една недела откако Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони објави дека процесот за доделување државна помош за фабриката за електрични автомобили во Тетово „Е-Го“ е при крај и дека фабриката ќе почне да се гради, во последен момент се случи спротивното. Од Дирекцијата сега соопштуваат дека договорот за основање на фабриката е раскинат. Ова се должи на банкротот на фабриката „мајка“ во Германија, што го оневозможува продолжувањето на овој договор.

„Во текот на вчерашниот ден бевме известени од „матичната“ компанија дека испратила до судовите во Германија, со кои оваа компанија бара влез во ликвидација и тоа беше доволно за да сфатиме дека ризиците за овој проект се зголемени и ние веднаш ја активиравме заштитната клаузула за договорот, што значи дека државата нема да дава помош во случај на ликвидација или стечај на компанијата, а ја објавивме нашата информација дека договорот е раскинат во моментов, а државната помош нема да се реализира на оваа фаза”, рече Јован Деспотоски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Потфрлувањето на овој проект за Тетово и тетовци не е ништо ново. Жителите велат дека изненадувањето би било големо доколку некој проект што го најави Владата се изведе до крај.

За овој проект беше најавена инвестиција од околу 130 милиони евра, од кои 45 милиони помош од Владата. Камен-темелникот за изградба на фабриката за електрични автомобили Е-го во Индустриската зона во Тетово беше поставен во август 2022 година. За време на свеченото отворање на фабриката, челниците на ДУИ ветија илјадници вработувања./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десерт што ќе ви се допадне: Чоколаден чизкејк (РЕЦЕПТ)

Следно

Вучиќ: Изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop