ЕХФ се огласи: Покренува судски постапки против Алкалоид и АЕК

May 27, 2025
1 min read

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги предаде сите релевантни информации што ги поседува на своите правни тела и побара покренување на судски постапки против клубовите РК Алкалоид и АЕК Атина, стои во денешното сооопштение на централата по повод неодиграното реванш финале помеѓу двата клуба во ЕХФ Европскиот Куп.

Информациите што ЕХФ ги достави до судските тела, меѓу другото, се однесуваат на дистрибуцијата на билети на гостинските навивачи од страна на РК Алкалоид во пресрет на натпреварот, како и на одбивањето на АЕК Атина да влезе на теренот за почетокот на натпреварот.

-Од двата клуба е побарано да ги достават своите изјави, односно информации од нивна страна, за да бидат разгледани од судските тела. Понатамошна комуникација ќе биде обезбедена само откако ќе се донесе конечна одлука, стои уште во соопштението на ЕХФ.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лишени од слобода крадци во Скопје, краделе во црква во Сопиште  

Следно

АЕК ќе објави тендер за трет мобилен оператор, писма за искажување интерес од три компании

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop