Египетскиот претседател го отфрли префрлањето на жителите на Газа на Синајскиот Полуостров

October 18, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денес повторно го отфрли префрлањето на жителите на Газа на Синајскиот Полуостров поради израелското бомбардирање на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Каиро, Ал-Сиси рече дека милиони Египќани ќе го поддржат официјалниот став, објави „Каиро њуз канал“.

Ал-Сиси предложи привремено преместување на Палестинците во пустината Негев во Израел додека таа земја „ги заврши своите воени операции“.

Над 500 лица загинаа синоќа во израелски воздушен напад врз баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, изјави за Анадолу портпаролот на Министерството за здравство на Газа, Ашраф ал-Кудра.

Борбите започнаа на 7 октомври кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад од повеќе страни со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Досега во вооружениот конфликт загинаа над 4.700 лица, од кои најмалку 3.300 Палестинци и над 1.400 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција запрепастена од болната загуба на човечки животи во болницата во Газа

Следно

Второ коло од „есенска тура за 2win авантура“ на 2WIN.MK

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop