Египет и ОАЕ по воздушен пат доставија хуманитарна помош во Газа

February 29, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Авиони на Египет и на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) по воздушен пат доставија хуманитарна помош до Палестинците во северниот дел на Појасот Газа, објави денес египетската армија, пренесува Анадолу.

Портпаролот на армијата, Гариб Абдел-Хафез, рече дека биле испорачани десетици тони хуманитарна помош и резерви „за да се олесни тешката хуманитарна криза“ во северниот дел на Газа.

Тој рече дека хуманитарната помош содржи храна, лекови и други основни потреби.

Рано утринава Јордан објави дека спровел две операции за испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа, во соработка со Оман и Бахреин.

Слични операции изведоа Египет, Јордан, ОАЕ, Катар и Франција претходно оваа недела.

Израел започна смртоносна офанзива врз Појасот Газа откако Хамас изведе напад во Израел на 7 октомври. Во израелските напади врз енклавата досега загинаа над 30.000 луѓе, предизвикувајќи огромно уништување и недостиг на резерви на основните намирници во блокираната палестинска енклава.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата одлучи дека Израел мора да се воздржи од какви било дејства поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин предупреди на ризик од нуклеарна војна ако НАТО испрати војници во Украина

Следно

Премиерот Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Latest from Blog

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех

САРАЕВО ЛИ Е ИЛИ СЕПАК НЕ Е? Толку е загадено што луѓето залутале по пат до дома

Маглата е главна но, не и едниствена важна последица на загадувањето што се акумулира во сараевскиот басен со децении. Нивото на токсични честички PM2.5 повремено го надминува дозволеното ниво за десет пати.

Чешка има нов фудбалски селектор

Репрезентацијата на Чешка, потенцијалниот наш ривал на патот кон Мундијалот во САД, Канада и Мексико следното лето има нов селектор. Се работи за искусниот Мирослав Коубек, кому му е доделена одговорноста да

Како до поквалитетни јавни услуги: Отворена панел-дискусија во Битола

Јавните претпријатија како клучен сервис на граѓаните беа во фокусот на панел-дискусијата „Како до подобри услуги за граѓаните“, организирана од Советот на Општина Битола и Општина Битола, со цел отворање транспарентен дијалог
Go toTop