Едноставно Емери е генијалец: Дали е ова најдобрата измена во историјата на ПЛ?!

December 28, 2025
1 min read
ФОТО: Aston Villa FC/FB

Што значи еден потег, еден фудбалер или една измена во фудбалот. Тоа најдобро се виде на мечот Челзи – Астон Вила. Се до 60.минута гостите беа во ногдаун, губеа со 1:0 а тогаш дојде потегот на тактичкиот генијалец Унаи Емери и ја направи веројатно најдобрата измена во историјата на Премиерлигата. Во игрта го внесе Оли Воткинс. Следуваше вистинска рапсодија и победа на Вила со 1:2.

Оли Воткинс беше херој – постигна два гола, во она што стручниот коментар на „Скај Спортс“, Џејми Реднап, го нарече „едно од најголемите влијанија што доаѓа од клупата во историјата на Премиерлигата.
„Тактички гениј“, рече Воткинс за Емери.

Тој го промени тоа затоа што Челзи играше човек на човек, но тие имаа дополнителен чувар кога игравме со долги топки. Кога влегов во игра, тој ги стави Џејдон и Морган Роџерс на крилата и го премести Јури на позицијата број десет, па имавме повеќе играчи таму. Тој е тактички гениј“. Тоа беше 11-та победа по ред на Вила во сите натпреварувања (клупски рекорд), осма во Премиер лигата.
Не баш“, рече Емери кога го прашаа дали верува дека Астон Вила може да ја освои титулата.
„Имам чувство дека се бориме за Европа, а не за титулата со Манчестер Сити и Арсенал. Одигравме 18 натпревари, а ни остануваат уште 20. Тимови како Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед – мора да се натпреваруваме со нив. Мора да бидеме конзистентни во текот на 38-те кола“.

Следниот меч е со Арсенал:

Тој натпревар ќе биде многу тежок. На Емирати, тие се исклучително силни. Следниот предизвик е најголемиот предизвик што нè чека, бидејќи тие во моментов се најдобриот тим во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Но, имаме многу добри играчи и се обидувам да поставувам високи барања во сè. Секој натпревар е предизвик, а гостинските натпревари се уште поголем предизвик. Секако, тие се фаворити“, заклучува Емери.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МАСОВНО, за цело село…

Следно

Колку Регулативата за безбедност на играчките на ЕУ реално ги штити децата

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop