Едно лице загина утрово во напад на украински дрон врз рускиот регион Белгород, објави шефот на регионот Вјачеслав Гладков.
Тој напиша на Телеграм дека човекот починал од повредите на самото место.
Гладков изјави дека украински дрон го нападнал селото Грузское во областа Борисовски во регионот Белгород, објави Тасс.
Извор: tv21


