Едниот од ранетите од нападот во „Ист гејт“ дише самостојно, а другиот е сè уште на апарати, МВР трага по напаѓачот

October 25, 2023
2 mins read

Љубен Арсенков, директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје и Неџати Јакупи, директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, во изјава за „360 Степени“ посочија дека и двајцата пациенти се во стабилна состојба, но поради сериозноста на повредите остануваат на одделите за интензивна нега во болниците каде што се примени

Министерството за внатрешни работи (МВР) сè уште трага по идентитетот на напаѓачот кој вчера со пиштол пукаше кон две лица во трговскиот центар „Ист гејт“ и побегна.

Оттаму соопштија дека е утврдено машко лице кое со пиштол пукало кон Р.Т. (36) и Д.Т. (23) од Скопје.

„На 24.10.2023 околу 15 часот од трговскиот центар ’Ист Гејт’ во Скопје во СВР Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и веднаш се упатени полициски екипи за расчистување на случајот. На повредените им е укажана лекарска помош во ГОБ ’Св. Наум Охридски’. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот“,

се вели во соопштението од МВР.

Неофицијално, како што вчера објавија и дел од порталите, цел на пукањето бил Раде Трајковски со прекар Штекли кон кого, во истиот трговски центар, беше пукано пред два месеца.

Неговите иницијали се совпаѓаат со оние што ги објави МВР.

Додека полицијата ги проверува сите наводи поврзани со напаѓачот во „Ист гејт“, двете лица со прострелни рани се наоѓаат на лекување по извршените оперативни зафати.

Едниот се наоѓа на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, а другиот е на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Клиничкиот центар во Скопје.

Љубен Арсенков, директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје и Неџати Јакупи, директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, во изјава за „360 Степени“ посочија дека и двајцата пациенти се во стабилна состојба, но поради сериозноста на повредите остануваат на одделите за интензивна нега во болниците каде што се примени.

Д-р Арсенков вели дека состојбата на пациентот сè уште е сериозна и му се извршени оперативни зафати на повреди од прострелни рани на граден кош и абдомен, како и на повреди на десна надлактица и десна потколеница.

„Поставен е на апарат за дишење. Се наоѓа во релативно стабилна состојба, но поради комплексноста на повредите сè уште не можеме да предвидиме каков исход ќе има неговата здравствена состојба“,

посочи тој.

Д-р Јакупи, пак, вели дека пациентот што се наоѓа е кај нив на лекување е во стабилна состојба, спонтано дише и е со стабилни витални параметри.

„Неговото лекување продолжува на одделот за интензивна нега на КАРИЛ“,

додаде директорот на Клиниката за торакална хирургија.

МВР вчера испрати фотографија до медиумите од лицето што со огнено оружје пукаше во „Ист гејт“ и ја информираше јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го извршило кривичноправниот настан.

Апелираат до сите граѓани доколку го забележат лицето од фотографијата, имаат какви било сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата што СВР Скопје ја води во координација со јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

На порталот „Курир“ беше објавено и видео од пукањето во трговскиот центар.

На снимката се гледа како две лица се упатуваат и се спуштаат по ескалаторот надолу кон гаражите на трговскиот центар, а лице облечено во бела блуза се доближува до горната страна од ескалаторот и од горе пука во нив.
По пукањето, напаѓачот бега во спротивен правец и поминува под безбедносната камера.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Зошто малиот Нетанјаху уште е во Мајами?

Следно

Мурињо суспендиран, нема да биде на клупата против Интер

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop