Една година од трагедијата во Кочани

March 16, 2026
1 min read

Една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, градот и семејствата на жртвите и понатаму живеат со болката од најголемата трагедија во поновата историја на Македонија.

Во пожарот беа повредени повеќе од 200 лица, а трагедијата отвори сериозни прашања за безбедноста, институционалните пропусти и одговорноста.

Според истрагата, клубот работел повеќе од една деценија без соодветни дозволи и без исполнети минимално-технички и противпожарни услови.

Кобната вечер, пиротехнички средства биле насочени кон плафон обложен со лесно запалив материјал, по што огнот за неколку секунди се проширил низ објектот. Поради густ чад, паника и единствен неадекватен излез, многу од посетителите не успеале да се спасат.

Во изминатата година семејствата на жртвите редовно организираа „Марш на ангелите“ во Кочани и Скопје, барајќи правда и одговорност од институциите. За првата годишнина од трагедијата беше организирана и комеморативна програма, со богослужби, меморијална инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ и собир пред објектот на „Пулс“ во времето кога избувнал пожарот.

Во трагедијата животот го загубија: Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор Велков, Божидар Минов, Мартин Атанасовски, Стефанија Соколова, Томас Златков, Кети Милковска, Виктор Јорданов, Андреј Панов, Спиро Стоименов, Јове Владимитов, Стефан Тасевски, Ице Андонов, Александар Стојанов, Сања Христова, Дамјан Танески, Андреј Лазаров, Драгана Минова, Филип Ивановски, Сара Јорданова, Леонид Велков, Надица Наунова, Димитар Иванов и Владимир Блажев.

Една година подоцна, Кочани сè уште тагува, а семејствата на жртвите порачуваат дека правдата мора да биде целосна за трагедијата никогаш да не се повтори.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

“Играчите на Арсенал со својот живот го бранат голот, затоа се пред освојување на титулата!“

Следно

„Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас“

Latest from Blog

Ирански медиуми тврдат дека новото видео на Нетанјаху е направено со вештачка интелигенција

 Иако најновото видео од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во кое тој посетува кафуле, требаше да ги побие гласините за неговата смрт или повреда, се покажа дека е лажно и генерирано од вештачка

„Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас“

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема.

“Играчите на Арсенал со својот живот го бранат голот, затоа се пред освојување на титулата!“

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Евертон пружија жесток отпор против Арсенал во Лондон, имаа резултат 0:0 до 89-тата минута, но поради грешките на нивниот голман Пикфорд и одличната минијатура на младиот
Go toTop