„Единствениот прифатлив начин Израел да се согласи на прекин на огнот е преместување и разоружување на Хезболах“

September 30, 2024
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, изјави дека Тел Авив ќе прифати прекин на огнот во Либан само кога Хезболах ќе биде потиснат од границата северно од реката Литани и ќе биде разоружан, јавуваат денес израелските медиуми, пренесува Анадолу.

„Единствениот прифатлив начин Израел да се согласи на прекин на огнот е да го премести Хезболах северно од реката Литани и да го разоружи“, рече Кац во пораката до министрите за надворешни работи од 25 земји, цитирана од израелската јавна телевизија КАН.

Тој тврди дека целосното спроведување на сите резолуции на Советот за безбедност на ОН во врска со Либан „ќе доведе до прекин на огнот“.

„Сѐ додека не се случи тоа, Израел ќе продолжи со своите акции за да ја обезбеди безбедноста на своите граѓани и враќањето на жителите од северот во нивните домови“, додаде тој.

Немаше коментар од Хезболах за изјавите на Кац.

Израел со децении ги окупираше фармите Шеба во Либан, сириската Голанска Висорамнина и палестинскиот Западен Брег.

Израел од 23 септември започна масовни воздушни напади против, како што ги нарекува, цели на Хезболах низ Либан, при што се убиени повеќе од 900 луѓе, а повредени се над 2.700, објави либанското Министерство за здравство.

Во нападот беа убиени неколку команданти на Хезболах, вклучувајќи го и неговиот водач Хасан Насрала, кој беше убиен во петокот во воздушен напад во Бејрут.

Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската војна во Газа, во која се убиени речиси 41.600 луѓе, главно жени и деца, по прекуграничниот напад на Хамас минатиот 7 октомври.

Меѓународната заедница предупреди дека израелските напади во Либан би можеле да го ескалираат тековниот конфликт во Газа во поширока регионална војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Тоа што СДС губи на анкети 5:1 не е оправдување за да го вреѓаат граѓаните со зборот „будали”, веднаш да се извинат

Следно

Малчески: ЕУ да обезбеди гаранција дека Македонија нема да биде блокирана во нејзиниот евро-интегративен пат

Latest from Blog

Трамп, Путин и Си се согласија на заедничка средба- детали за историскиот настан

Лидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј

Божиновска: Соработката со KfW отвора можности за нови енергетски проекти

Новите енергетски проекти, напредокот на тековните активности и можностите за експертска и финансиска поддршка беа теми на работната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската

Општина Битола: Со јапонска поддршка унапредена училишната инфраструктура

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола заврши реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија во вредност од 80.314 евра. Донацијата придонесува за подобри и
Go toTop