Еден Палестинец сведочеше дека израелските војници го користеле како жив штит за време на неговото заробеништво

December 16, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестински цивил заробен од Израел во Појасот Газа изјави дека израелските сили поставиле експлозив на неговото тело и дека како жив штит бил принуден да влезе во тунел за кој се сомневало дека го користи Хамас, пренесува Анадолу.

Медиумската куќа „Middle East Eye“ (MEE) пишува дека 30-годишниот Палестинец Хаким, кој не сакал да го открие својот целосен идентитет, изјавил дека е еден од цивилните затвореници од фотографиите објавени од страна на израелски војници, а на кои затворениците се полуголи и врзани со лисици.

Хаким рекол дека израелските војници му ставиле елек со експлозив и камера GoPro на главата, а потоа го принудиле да влезе во тунелот и да провери дали во него има борци на Хамас.

„Тие беа подготвени да го разнесат тунелот со експлозив доколку има борци во него. Во тој момент бев 100% сигурен дека ќе умрам, но ме извлекоа од него кога увидоа дека нема никој во тунелот“, рекол Хаким.

Тој рече дека на ист третман претходно било подложено и 15-годишно момче и дека преживеало и момчето кое било затворено со него.

Зборувајќи за своите искуства во заробеништво, Хаким рече дека со денови биле без храна.

„Само понекогаш ни даваа вода и нѐ навредуваа со најлошите зборови што може да се замислат“, рекол Хаким и додал дека неговиот брат и другите роднини сѐ уште се во заробеништво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Знаат ли ТИЕ дека е Божиќ?

Следно

Аерозагадувањето е во фокусот на Петтата академија за здравство која ја организира ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop