Еден активен пожар во кратовско Соколица, четири се под контрола

August 28, 2025
1 min read

Еден пожар е активен, четири се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати од регистрираните осум пожари до 12:00 часот денеска, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во Општина Кратово во селото Соколица, мала Амбарци каде гори ниска вегетација. Пожарите кои се под контрола се лоцирани во Македонски Брод во повеќенаменско подрачје Јасен, во Гевгелија на планината Кожуф, во општна Желино кај село Мерово и во Гази Баба кај гробиштата во Стајковци.

-Изгаснати се пожарите во Виница место викано Панек, во Радовиш во село Дедино и во Битола на улицата Димитар Тодоровски, се наведува во соопштението на ЦУК

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека два ер трактора во моментов превентивно гасат кај пожарот во Јасен за да остане под целосна контрола.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Бит Пазар и Старата чаршија се срцето на локалниот развој во Чаир

Следно

Нкунку доаѓа во Милан за 42 милиони евра

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop