ДЗС: Распределба на нова противпожарна опрема низ државава

January 30, 2025
1 min read

Во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска директорот Џеват Селами одржал работен состанок со Комисијата за одобрување на набавката на противпожарна опрема за единиците за гасење пожари. На состанокот, како што информираат од ДЗС, присуствувале претседателот на Комисијата Димче Митевски, членот на Комисијата Агрон Бафтијари од ДЗС, како и претставници на ЗЕЛС – членови на Комисијата градоначалниците на општините Штип и Радовиш, Иван Јованов и Ацо Ристов.

– Главната тема на состанокот беше распределбата на новонабавената противпожарна опрема, што вклучува 20 термални камери и 80 изолациони – дишни апарати. Оваа опрема е од витално значење за заштита и спасување при пожари, особено во урбаните средини, нагласуваат од ДЗС.

Според соопштението, распределба на опремата е следната: Дирекција за заштита и спасување – 3 термални камери за тимовите за брз одговор, Град Скопје – 4 термални камери и 20 изолациони апарати, општините – Битола – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Куманово – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Тетово – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Прилеп – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Велес – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Кавадарци – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Гевгелија – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Струмица – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Кичево – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Охрид – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Кочани – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Штип – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Гостивар – 1 термална камера и 4 изолациони апарати.

– Оваа инвестиција значително ќе го подобри капацитетот на противпожарните единици во земјата, овозможувајќи им на пожарникарите подобра заштита при справување со пожари. Термалните камери ќе помогнат за побрзо лоцирање на извори на пожар, а изолационите апарати ќе обезбедат сигурност при работењето во задимени и токсични средини, се додава во соопштението.

Дирекцијата за заштита и спасување нагласува дека оваа распределба е направена според потребите на секоја општина и дека ќе продолжи со напорите за модернизација на опремата со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и пожарникарите низ целата држава.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опозицијата обвинува за партизација – Владата започна процедура за отповикување амбасадори

Следно

Извештај: Франција веројатно уби десетици илјади Камерунци кои се бореа за независност

Latest from Blog

Надомест за каснување од кучиња – упатство за граѓаните на Прилеп

Локалната самоуправа на општина Прилеп ги известува граѓаните дека започнува примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња. Со

Министерката Божиновска најави продолжување на попустите на горивата до 6 април

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со
Go toTop