ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

August 17, 2025
1 min read

Во текот на денешниот ден имаме 10 пожари на отворен простор. Се уште е активен пожарот во ловиштето „Јасен“, а активиран е еден крак од пожарот во село Јажинце, општина Јегуновце. Два активни пожари има на територија на општина Липково, во селата Лојане и Слупчане, каде дејствуваат кумановските пожарникари. Еден активен пожар има и во општина Лозово, каде интервенираат велешките пожарникари, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

– Во текот на ноќта не дозволивме пожарот во „Јасен“ да премине преку еден шумски пат со што понатаму ќе беше загрозено селото Брезница од скопска страна. Благодарение на интервенцијата на припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), како и неколку пожарникари од Македонски Брод и вработените во „Јасен“, оваа линија на пожарот беше сопрена, со што воспоставивме целосна контрола на еден од трите краци на овој пожар, изјави Ангелов од терен.

Директорот на ДСЗ Ангелов информира дека во гаснењето на вториот крак на пожарот во „Јасен“ рано утрово интервенирале припадниците на армиските специјалци „Волци“ и „Ренџери“, со два ер-трактори на ДЗС. Во овој момент, како што рече, е воспоставена делумна контрола и нема да претставува закана за да се придвижи кон нова шума.

-Третиот крак од пожарот, во насока на езерото Козјак, претставува најголем проблем за нас и очекуваме кога ќе дојде во еден каменест предел, на еден гребен со помош на армиските специјалци да го спречиме и да го прекинеме неговото понатамошно ширење, појасни Ангелов.

Тој информира дека е активирен еден крак од пожарот во атарот на село Јажинце, општина Јегуновце, кој бил под целосна контрола.

– Пожарот се движи во насока на село Долно Орашје и село Радуша од скопска страна, каде се наоѓаат екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), а набргу ќе полета и еден армиски хеликоптер, рече Ангелов.

Ангелов апелираше граѓаните, земјоделците и сточарите да бидат многу внимателни во следниот период.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити најавува целосна ревитализација на подземната инфраструктура во населбата Гази Баба во Чаир

Следно

Меџити: Со новиот водовод во Чаир го подобруваме животот на граѓаните

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop